Алмодовар освои „Златен лав“ во Венеција
Филмот „The Room Next Door“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, ја освои главната награда- „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.
Станува збор за првиот филм на овој режисер направен на англиски јазик. Во филмот се обработува една тешка тема , каква што е евтаназијата, која покренува низа морални и религиозни дилеми, за која- впечаток е – како сите да се трудат да ја држат настрана од пошироката општествена јавност.
Алмодовар (74) во својот најнов филм ја има зафатено и темата за климатските промени во светот и уште не свечената премиера во Венеција, пред почетокот на фестивалот, тој и неговото остварување, доживеаја овации од публиката, која го награди со 18 минутен аплауз.
Во 2019 година, Педро Алмодовар на овој фестивал ја има добиено наградата за животно дело.
Втората награда- „Сребрен лав“ ја доби италијанската режисерка , Маура Делперо за воената драма „Вермиљо“, сместена во италијанските Алпи во текот на Втората светска војна.
Наградата за најдобра актерка и припадна на Никол Кидман, за улогата во филмот „Baby girl“, но таа не присуствуваше на доделувањето на наградите, поради ненадејната смрт на нејзината мајка.
Французинот Венсан Лендон беше прогласен за надобар актер, за филмот „The Quiet Son”-во кој се обработува темата за уништувањето на едно семејство, поради екстремниот десничарски радикализам.
Наградата за најдобра режија ја доби американскиот режисер Брејди Корбет.
Со жирито на годинешниот 81 фестивал во Венеција, претседаваше познатата француска актерка Изабел Ипер.