Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Лажев и малтретирав други за Трамп“

„Лажев и малтретирав други за Трамп“

Мајкл Коен, адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го означи својот некогашен клиент „практично како менаџер“ за кого морал „да лаже, да дава лажни изјави и да малтерира други лица„.

Ваквата изјава на Коен потекнува од долго очекуваното сведочење на еден од најблиските соработници на Трамп , пред поротата во Њујорк, на судењето на поранешниот претседател во  процесот за давање поткуп на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс.

Поткупот  бил наменет за да се спречи таа да зборува  за нивната сексуална  врска , која се случувало во време додека Трамп бил во  брак со поранешната „прва дама“ на Америка, која се уште му е сопруга.

Правно разоткривање

Сведочењето на Коен , во врска со неговото  толку блиско и интимно познавање на сите трампови активности, секако , ќе доведат до правно разоткривање на потенцијалниот републикански претседателски кандидат, уште ако поротниците ги прифатат, како целосно веродостојни, исказите и податоците што ги изнесува адвокатот.

Политички, меѓутоа,  познавајќи го насилниот и бескрупулозен карактер и однесување на обвинетиот- ( и кон судот) за што веќе  беше парично казнет-   сигурно е дека тој и неговата одбрана ќе се обидуваат да ги дисквалификуваат Коен и неговите искази. Затоа што тој еднаш веќе беше прогласен за виновен, околу исплатите и лажењето на Конгресот- и тогаш во полза на Трамп.

Прикажувајќи го својот поранешен адвокат како – „производ на нечесниот систем на кривичното правосудство“ според кое сега му се суди , нешто кое  тој продолжува да го користи како   „аргумент“ – дека го „клеветат од политички причини“.

Тајни парични исплати

Коен сведочи за својата улога во организирањето и изведувањето на тајните парични исплати, во име на Трамп, во екот на претседателската кампања , за неговиот прв мандат во 2016 година.

Пред се, на Сторми  Даниелс која, како сведок, минатата недела (уште еднаш)  изјави дека добила 130 илјади долари за да не се открие  во јавноста тоа што претседателскиот кандидат имал  секс со неа , во хотел во Лас Вегас, во 2006 година. Сето тоа во времето додека сопругата Меланија била бремена, со  нивниот  сега 19 годишен син.

Овој сведок на обвинувањето е важен и за надокнадите  кои ги има добиено,  а тие се основата на обвинението против Трамп. Станува збор за 34 кривични дела за фалсификување на деловни записи.

Според обвинувањето, сите тие се евидентирани како, божем, правни трошоци на компанијата,  за да се сокрие вистинската намена- а тоа е обид за незаконско мешање во претседателските избори во 2016 година.

Обвинетиот ги отфрла обвинувањата

Трамп ги негира обвинувањата и тврди дека немал секс со Сторми Даниелс. Таа, меѓутоа,  претходно, ја  има детално опишано нивната хотелска  средба , за да ги увери недоверливите, за тоа дека не лаже кога зборува за нејзините сексуални врски со човекот кој, како изгледа, со бројни измами и со потплатување на потенцијално опасните сведоци, успеа пред осум години,   да влезе во Белата куќа.

Неговиот поранешен личен адвокат за „валканите работи“ Мајкл Коен на судот директно го замеша Трамп дека бил „директно вклучен во шемата за давање пари и  потплатување, на луѓе (и некои редакции) како „Нешанел Енкваер“ за бидат „замолчени“.

На поротниците во судот во Њујирк тој им изјави дека неговиот клиент (Трамп) повеќепати му има наложено – „по секоја цена да ги замолчи сите приказни за неговиот њубовен живот надвор од бракот„ – плашејќи се дека тие би можеле да и наштетат на неговата тогашна претседателска кампања.

Пари за „потребите на компанијата Трамп“

„Запри го ова и недозволувај никако да се појави на јавноста“- му побарал Трамп , мислејќи на порно актерката Сторми Даниелс. Истоветно било однесувањето и во случајот со една друга жена-   фото-моделот Карен Мекдугал , која и сега тврди дека имала со него вонбрачна врска. За неа адвокатот Коен потврди дека морал тајно да и исплати 150 илјади долари.

Сите  пари за ваквите операции биле лажно прикажувани како – средства наменети  за потребите на компанијата „Трамп“. Сите биле означени како пари-исплати со ограничена одговорност, но со прикривање на вистинската цел.

„Не верувам дека би се прифатило отворање  сметка доколку би било наведено дека се  однесува за исплаќање пари на актерка во порно филмови- на договор за да таа не открива информации„- има речено Мајкл Коен во своето сведочење.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе