Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нема стабилен Балкан без признавање на Косово

Anton_Medvedev/BigStock.com

Нема стабилен Балкан без признавање на Косово

Американскиот дипломат Томас Кантримен, кој еден дел од својата кариера ја има поминато на Балканот, изјави дека не може да има стабилност и траен мир во овој регион, се додека Србија не ја признае косовската независност и Косово како суверена држава.
Тој смета дека Европа и светот се далеку од моментот кога и Белград и Приштина ќе бидат подготвени да го направат неопходниот компромис.

Кантримен, меѓутоа, во разговор за Гласот на Америка (WOA) рекол дека дијалогот што сега е отворен (во Брисел), околу прашањата за Заедницата на српски општини на Косово, потоа за имотите, како и за меѓусебните финансиски побарувања, би можел во иднина да доведе до потребната конечна спогодба – меѓу двете држави.

Овој дипломат, сепак, одбива да прогнозира кога тоа воопшто би можело да се случи, особено што официјален Белград, посебно претседателот на Република Србија, како и добар дел од тамошната опозиција, и понатаму зборуваат дека тоа нема никогаш да се случи, односно дека „Србија никогаш нема да го признае Косово како независна држава“.

„Зборот никогаш во Белград се употребува премногу често, но мислам дека тоа ќе трае се до српското признавање на косовската независност” рекол Кантримен за оваа американска радио станица.

Тој се согласува дека тоа можеби ќе се случи во иднина, но е уверен дека власта и целата српска политичка елита добро знаат дека не може да има стабилен Балкан, се додека тој ден (во иднината) не пристигне.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе