Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нетрпеливост меѓу Меланија и Иванка Трамп

Whitehouse.gov

Нетрпеливост меѓу Меланија и Иванка Трамп

На конвенцијата на американската републиканска партија, на која Доналд Трамп и формално беше номиниран за кандидат на републиканците за претседател на САД, на изборите за помалку од 70 денови, неговата сопруга Меланија и ќерката Иванка, уште еднаш покажаа колку многу не се поднесуваат – јавуваат тамошните медиуми.

Таа нетрпеливост трае уште од пред инаугурацијата на Трамп за претседател, во јануари 2017 година, а се зголеми уште повеќе кога ќерката стана еден од бројните советници во Белата куќа на новиот претседател. Ќерката-советничка почна да се појавува со таткото-претседател дури и на формални состаноци, па и да патува самостојно во странство, иако нема никаква функција.

„Две први дами“

Тогаш американските медиуми почнаа да пишуваат дека САД (за прв пат во историјата) имаат „две први дами“ – сопругата и ќерката на претседателот.

На сегашнава конвенција, камерите го имаат уловено моментот, кога се среќаваат Меланија и Иванка, разменувајќи, како што велат медиумите – судени и вештачки насмевки- по што, Меланија, ја задржува својата препознатлива намуртеност.
На социјалните мрежи во САД (велат) врие од коментари, најчесто во стилот- ми се допаѓаш само затоа што мора да ми се допаѓаш.

Се верува дека причината за ваквото студенило во односот во кој никогаш немало топлина, сега е последица на појавувањето на делови од книгата „Меланија и јас“ на поранешната советничка на „првата дама“, Стефани Винстон Волкоф.

Нова книга

Во книгата таа открива дека пред инаугурацијата на Трамп, пред четири години, Меланија направила се што можела, за да ја тргне Иванка, да ја нема од фотографиите од чинот на инаугурацијата на нејзиниот сопруг.

Според Волкоф, Меланија го одобрила распоред за седење на присутните на инаугурацијата, во свечената трибина, според кој Иванка никако не би можела да се види кога на трибината ќе пристигне (тогаш) новиот претседател.

Авторката на книгата сега забележува дека во сето тоа има малку злоба. Но, Волкоф се согласува со Меланија Трамп дека Иванка не треба да биде во центарот на вниманието на инаугурацијата на нејзиниот татко. Без разлика на нивната блискост.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе