Уништени се доказите за Ковид
Угледниот микробиолог од Хонг Конг, Јуен Квок Јунг тврди дека властите во Пекинг ги имаат уништено сите докази врзани за почетокт на пандемијата во кинескиот град Вухан, уште пред крајот на минатата година.
Овој експерт за заразни болести од Универзитетот во Хонг Конг, бил во составот на специјалниот експертски тим, што го предводеле кинески научници, што на 19 јануари оваа година бил составен од кинеската влада, за да ги утврдат фактите што имаат доведено до избувнувањето на заразата која многу брзо по тоа се претвори во глобална пандемија.
Исчистен пазарот во Вухан
Квок Јунг сега вели дека Кинезите не само што не реагирале на време, а тоа што го имаат направено било сосема погрешно, туку и ги имаат уништено сите фиички докази околу почетокот од избувнувањето на епидемијата. Овој хонгконшки научник се сомнева дека локлните власти во Вухан не ги имаат испратено потребните информации до Пекинг (и до Светската здравствена органзација), што инаку била нивна обврска.
На почетокот, властите во десет милионски Вухан тврдеа дека вирусот (и заразата) тргнале од еден пазар за морска храна во овој кинески град, иако подоцнежните анализи откриваат дека првите пациенти немале никаква врска со таа локација.
Микробиологот Квок Јунг тврди дека кога пред крајот на јануари го посетил посочениот пазар, не можел ништо да истражува, да бара било какви докази за да се трага по изворот на заразата, затоа што целиот пазар бил целосно исчестен.
Замолчени осумина лекари
-Знаете, па како да се искористи местото на злосторството, во пример од криминологија, кога не може ништо да се идентификува. Уште тогаш не можеше да се најде изворот на заразата, а вирусот тогаш, веќе забрзано се ширеше меѓу луѓето- рекол Јуен Квок Јунг, за еден лондонски медиум.
Овој експерт верува дека кинеските власти целосно ја имаат забошотено вистината за Вухан, за она што се има таму случено, од каде сега сите знаат дека е тргнат кинескиот вирус што го нападна и го освои светот.
Според него, од самиот почеток Пекинг сака да да има целосна контрола врз приказната за коронавирусот. Властите имаат замолчено осумина лекари кои први на социјалната мрежа објавија дека во Вухан има епидемија од еден нов облика на пневмонија.