Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Корона венчавка на граница

Alexstockphoto/BigStock.com

Корона венчавка на граница

Една Норвежанка се венчала со својот избраник, Швеѓанец на свадбена церемонија изведена на самата гранична линија меѓу овие две соседни скандинавски земји.

При тоа, младенците стоеле еден покрај друг, но секој во својата држава, на својата страна од границата, што за оваа пригода била обележана со бела, свадбена лента.

Ваквата необична свадба била уредена само за да младата двојка не ги прекршат мерките наложени поради се уште присутната пандемија со корона вирусот и посебно поради забраната на Норвежаните да патуваат во Шведска и обратно.

„Сакавме само да се венчаме”

Шведска има најголем број починати пациенти од овој вирус во Скандинавија, како и се уште најмногу заразени лица, па кога од почетокот на овој месец беа олеснати мерките за заштита и се дозволи слободно патување, властите во Норвешка ја исклучија Шведска од тој пакет, затоа што нејзините државјани и понатаму се третираат како ризични.

„Не сакав одново да ја одлагам својата венчавка поради вирусот и да чекаме Норвешка да ја укине забраната за Швеѓаните.

Сакавме само да се венчаме“- им изјавиле невестата и младоженецит на новинарите.

Целата церемонија била изведена среде шума, на норвешко-шведската граница. Младите стоеле еден до друг и можеле дури и да се допираат.

Сведоците исто така стоеле еден, покрај друг, но секој во својата држава, почитувајќи ја граничната линија што симболично била означена со лента.

По изреченото судбинско „Да” – младите се бакнале преку границата, а сите гости наздравувале за младенците преку белата лента, не прекршувјќи го прописот, да не преминат на територијата на другата држава.

Но, и покрај сите овие вонредни услови и крајно необичната ситуација – оваа млада норвешко-шведска двојка, успеале најпосле да станат законски маж и жена.

„Луда“ идеја

Невестата Камила Ојројд ја има нафрено оваа идеја за една ваква свадба, откако разбрала дека Шведска е на „црвената листа“ во Норвешка, на земјите од каде не се примаат посетители и гости.

„Го реков тоа онака, во шега и по малку во очај, но се изненадив кога роднините и пријателите ја прифатија мојата луда идеја” – изјавила Ојројд за локалните медиуми.

И, за разлика од секоја друга „нормална“ венчавка, на оваа имало и непоканети гости- двајца полицајци, по еден од секоја држава.

Стоејќи секој на својата страна од границата тие надгледувале дали ќе се почитуваат прописите, односно дали некој од присутните нема да влезе на туѓата територија, прекршувјќи ја пропишаната корона забрана.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе