Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Ќерката на Мандела почина од Ковид

kathclick/BigStock.com

Ќерката на Мандела почина од Ковид

Зундзи Мандела, ќерката на првиот црнечки претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела, почина во Јоханезбург, од последици на болеста Ковид-19.

Други детали за смрта на 59 годишната активистка за човекови права, борец против апартхејдот и едно време дипломат, семејството Мандела нема дадено.

Таа е едно од шесте деца на Мандела, од кои пет се родени во неговиот брак со сега починатата Вини Мадимизела-Мандела. Погребана е покрај својата покојна мајка.

Во првичното соопштение за смрта на ќерката на Мандела не беше ништо соопштено за тоа што е причината за нејзината смрт. Но, веднаш по погребот, семејството одлучи да ја соопшти вистината за смрта, за тоа дека Зундзи била заразена со коронавирусот и дека починала од Ковид.

Најтешко погодена во Африка

Ваквата одлука во јужноафриканската јавност е примена со големо одобрување.

Посебно меѓу епидемиолозите и лекарите кои се борат со пандемијата, затоа што се смета дека ова откритие на семејството на Нелсон Мандела, може да помогне во борбата на здравствените работници со стигматизацијата на оние кои се заразени, како и на починатите и на нивните семејства.

Според медиумите во Јоханесбург, реагирал и актуелниот јужноафрикански претседател Сирил Рамафатса кој го поздравил решението – да се открие вистината за смрта на ќерката на Мандела и на тој начин да се охрабрат сите заразени – да ја прифатат вистината за својата здравствена состојба, да не се сокриваат, да побараат медицинска помош и да се лекуваат пред да стане премногу доцна.

Јужна Африка е најтешко погодена држава од вирусот на „црниот континент“.

До сега, официјално, се регистрирани над 300 илјади инфицирани лица, како и повеќе од четири илјади починати, но се стравува дека овие бројки се многу повисоки. Експертите предвидуваат дека во следните месеци, до крајот на годинава бројката на починатите да нарасне до цели 50 илјади.

Дезинформации и стигматизација

Најголем проблем во борбата со пандемијата во земјата се широко распространетите лажни информации за и околу вирусот што кружат низ Јужна Африка, потоа дезинформациите околу вистинските состојби со пандемијата и над се, присуството на силната стигматизација .

За овие состојби се вели дека претставуваат проблем во совладувањето на заразата, исто толку тежок колку што се и самиот вирус и болеста Ковид.

Во секој случај, сознанието дека и ќерката на Мандела била заразена и починала од вирусот што е раширен низ целиот свет, може да помогне во борбата со предрасудите, неверувањата и заблудите кои се шират низ интернет, но и да се запре со стигматизацијата на болните и починатите ки не се виновни што станале жртва на пандемијата.

Зундзи Мандела беше амбасадор на Јужна Африка во Данска, кога почина нејзиниот татко. Од шесте деца на Нелсон Мандила, сега се живи само две.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе