Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Србија во ЕУ по новата методологија

stargazer84/BigStock.com

Србија во ЕУ по новата методологија

ЕУ објави дека Србија се префрла на новата методологија во пристапниот процес на оваа земја од Западен Балкан во Унијата.

Ова претставува  нов момент за Белград, затоа што до сега од Брисел немаше прецизно толкување околу  методологијата- за тоа дали новите правила се однесуваат за оние кои сега ги почнуваат преговорите, или пак и за оние кои веќе ги имаат отворено тој процес.

Србија, како и Црна Гора , која прва почна да преговара за влез во ЕУ, стартуваа во тој процес според методологијата која е во употреба од поодамна. Според нејзините одредби,  во Унијата влегоа сите земји од Источна Европа, поранешни комунистички држави и сојуници на СССР, како и двете медитерански членки- Малта и Кипар. Тоа значеше дека земјата- кандидат треба да ги  исполни барањата и стандардите на ЕУ, срочени во 35 поглавја, пред да го потпише пристапниот договор за влез во Унијата. И да стане членка.

Притисок од Париз

Франција, во годините пред Емануел Макрон да влезе во Елисејската Палата сметаше дека Европа и нејзината јавност се „ презаситени од ширењето на ЕУ“, па така и се однесуваше.  Новиот француски претседател кој се промовираше како „ силен Европеец“ , меѓутоа,  навести дека Париз сега се согласува  да се оживее овој процес,  но при тоа, инсистираше  тој да биде ревитализиран, со нова методологија за прием на нови членки, која, сепак,  нема да биде само формална.

Поводот за ова беше незадоволството на Париз од однесувањето на земјите- членки од Истокот на Европа, посебно од т.н. Вишеградска четворка. Оваа група средноевропски држави,  како се приблуваше 15 годишнината од последното масовно примање во кај 2004 година, кога тие станаа дел од ЕУ, почнаа да ги изневеруваат нормите, принципите  и стандардите на Унијата, во делот на почитувањето на правото и правната држава, како и на солидарноста, работи кои се основата на зедницата.

Излезе според Макрон и Париз дека токму во ( досегашната)  методологија на примањето се раѓаат подоцнежните проблемите (посебно оние кои ЕУ ги има со Унгарија, а и со Полска)  . Французите, затоа, застанаа цврсто на инсистирањето дека без нејзиното менување, не ќе може да продолжи проширувањето.

Колатерална штета

Од таквите внатрешни  игри во ЕУ, како колатерална штета настрада Македонија ( како и Албанија) , иако Скопје на неколкупати од највисоките места во Европа, претходно, доби уверување дека земјата ќе го добие долго очекуваното „ зелено светло“.

Кога тоа, подоцна,  се случи, Македонија веднаш прифати дека во поцесот за пристапување ќе се управува според новите шест „ пакети“ со мерки и задачи што владата во Скопје мора да ги изврши, реформирајќи се од внатре, но и прифаќајќи ги стандардите, правилата и нормите на Унијата, како што тоа впрочем, го направиле сите сегашни членки, без разлика што методологијата била различна.

Во новата ситуација, Подгорица не се расправаше многу околу тоа, иако има отворено десетина поглавја ( нема затворено ниту едно). Но затоа во Белград од тоа се обидуваа да направат политичко прашање , инсистирајќи на некаква посеба српска позиција во регионот. А, тоа според нивните толкувања  значеше дека новата методологија не се однесува за Србија. Земјата  има отворено 18 поглавја , според стариот метод, но ни таа нема затворено ниту едно.

Разбирливо решение

Уште тогаш, изгледаше неверојатно дека ЕУ, Париз и Макрон смислија нова постапка за влез во Унијата само за Македонија и за Албанија, затоа што засега никој друг од Западен Балкан, а и од Европа, не е на листата на претенденти.

Остануваат во регионот БиХ и секако Косово, но тие се уште не можат да се стабилизираат како целосно уредени држави, што е посебно важно за косовскиот случај. Официјален Белград, меѓутоа, продолжи да инсистира на тоа дека „новата методологија се однесува само за Скопје и за Тирана“.

Сега веќе се е јасно.  Црна Гора и Србија ќе мора да се приклучат на новата усвоена постапка, што во секој случај изгледа како сосема разбирливо решение.

Засега не се знае дали тоа значи дека двете земји кои почнаа пред Македонија со постапката за приклучување, ќе мораат од почеток да стартуваат , чекајќи го Скопје, или пак нешто од оние  поглавја, без разлика што ниту едно  не е затворено. ќе им се важат во процесот на преговорањето. Во него, сега, веќе  не  се вклучени само Брисел ( Европската комисија) и земјата кандидат, туку и сите членки во ЕУ.

(Б.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе