Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Карантинот спаси милиони животи во Европа

scaliger/BigStock.com

Карантинот спаси милиони животи во Европа

Воведениот карантин, како одбранбена мерка од коронавирусот, има спасено над ТРИ МИЛИОНИ човечки животи во Европа – покажува истражувањето што го има направено угледниот лондонски Империјал колеџ.

„Без карантинот, „црниот биланс“ од овој вирус ќе беше огромен“

…се вели во еден од заклучоците на истражувањето, но во исто време и се предупредува дека вирусот (до сега) има опфатено само мал обем од населението.

Тоа, според истражувачкиот тим, значи дека Европа и нејзините жители се наоѓаат „во почетокот на пандемијата“, што ќе рече дека вирусот е жив и натаму опстојува, па дека никој не може да знае и да предвиди кога ќе може одново да се засили и да тргне во нов напад.

Истражување во 11 земји

Според тоа, во „овој краток период“ – како што тоа го нарекуваат експертите – карантинот, како на нашиов континент, така и низ светот, има спасено многу животи – како никогаш досега.

Истражувањето било направено на почетокот од мај во 11 европски држави – девет членки на ЕУ и три надвор од Унијата – Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија. Во времето кога е правено истражувањето, во сите овие земји, заедно, беа регистрирани над 130 илјади починати пациенти заразени со овој вирус.

Истражувачкиот тим од експерти, епидемиолози и виролози го сочинуваат истите луѓе кои заговараа воведување карантин и во Британија и кои вршеа притисок владата да воведе мерки на заштита и ограничувања, за да се спречи ширењето на епидемијата.

На крајот, успеаја да го убедат премиерот Борис Џонсон да го смени своето мислење и неговото дотогашно определување за некаков „колективен имунитет“ и да прифати воведување карантин. Тој беше воведен со големо задоцнување во споредба со европскиот континент и во време кога премиерот веќе беше заразен.

Спасоносното – Останете дома!

Анализите на истражувачите од Империјал колеџ покажуваат дека ќе умреле 3,2 милиони луѓе доколку не беа воведени (насекаде) мерките, како што се – затворање на сите бизниси и барањето да се остане дома – во изолација.
Тоа значи дека карантинот има спасено 3,1 милиони луѓе и тоа – 470 илјади во Британија, околу 690 илјади во Франција, или 630 илјади во Италија!

„Да не беше карантинот, ние овде во Британија и насекаде низ Европа ќе имавме трагедија каква што досега немало.”

…рекол др. Сет Флексмен, од Империјал колеџ во Лондон, за тамошните медиуми.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе