Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Епидемиологот го искара Ѓоковиќ

STRINGER Image/BigStock.com

Епидемиологот го искара Ѓоковиќ

Главниот епидемиолог на Република Србија, Предраг Кон јавно го искарал првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, порачувајќи му повеќе да не зборува за вакцините и за вакцинирањето.

„Мајсторе, јас сум твој навивач на тениските терени, но обиди се, во иднина, да не зборуваш за корона вакцината“ – му порачал Кон кој ја предводи експертската екипа во битката со пандемијата со коронавирусот во Србија.

Тенисерот не сака вакцини

Во оваа невообичаена реакција на еден епидемиолог за тениската ѕвезда, кој во својата земја е практично недопирлив, има многу прекорување.

Реакцијата на Кон, доаѓа по изјавата на Ѓоковиќ дека тој не е приврзаник на вакцинирањето и дека не сака „некој со правила, или со закон“ да го натера да мора да се вакцинира за да игра тенис на турнири низ светот, тогаш кога сега прекинатата сезона во „белиот спорт“ ќе продолжи.

„Лично, јас сум против. Не би сакал некој, на некаков начин, да ме присилува да се вакцинирам. Не го сакам вакцинирањето, па ако тоа стане правило, или обврска, ќе треба ли тогаш да се определувам – да ли да примам вакцина, или да ја одбијам” – рекол српскиот тенисер.

Или што ќе рече – да се вакцинира, или да (не)игра тенис!

Првиот српски епидемиолог, Кон, меѓутоа, не ја одобрува ваквата изјава, па му порачува на прославениот тенисер – во однина да молчи кога станува збор за вакцината, која за короната се уште не е пронајдена, иако цела низа лаборатории работат на нејзиното откривање.

„Би сакал да му го објаснам (на Ѓоковиќ) големото значење на имунизацијата за здравјето на луѓето„ – рекол епидемиологот.

„Погрешно уверување“

-Сега, меѓутоа, мислам дека е доцна. Со ваквата изјава веќе е создадено погрешно уверување, зашто станува збор за позната личност на која (во јавноста) и се верува- смета српскиот главен епидемиолог Предраг Кон.

Ѓоковиќ во својата контроверзна изјава навестува дека би можело да се очекува да се воведат нови (здравствени) правила, според кои само оние кои се вакцинирани ќе може да патуваат и да учествуваат на тениските турнири низ светот.

Епидемиологот, пак, според тонот на неговата реакција, му забележува на тенисерот дека тој, практично, е против вакцинирањето воопшто. А, тоа во Србија беше и изгледа се уште е голем проблем – кога станува збор за вакцинирањето на децата против морбилите.

Минатата година, Србија, со Украина и Грузија беше рангирана меѓу земјите со највисока смртност од морбили во Европа. Беше на второто место. Од корона вирусот, во земјата до сега има околу 6600 заразени и 125 починати пациенти.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе