Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

АИ ќе ја преживеат само три професии

АИ ќе ја преживеат само три професии

Американскиот милијардер и голем филантроп Бил Гејтс изјави дека „иднината  веројатно нема да изгледа како некој научно-фантастичен филм, но за обичните луѓе ситуацијата може да изгледа мошне лоша, поради забрзаното доаѓање на вештачката интелигенција (АИ).

Според Гејтс, како како што новата технологија се повеќе ќе навлегува во секојдневието и во животот, многу работни места ќе станат застарени , непотребни и едноставно вишок кој никому нема да му биде потребен.Но милијардерот е сигурен дека барем три сегашни професии, АИ нема да бидат зафатени.

Станува збор за програмерите, за стручњаците за енергија, како и за биолозите.

Иако АИ може да го генерира кодот, во овој момент  тоа е далеку од совршенство, па луѓето и понатаму ќе мора да ја надгледуваат вештачката интелигенција, да ги поправаат грешките и баговите, но и да дизајнираат уште понапредни системи.

Гејтс исто така смета дека енергетскиот сектор е премногу сложен за да може АИ (реално гледано) да управува со него во сегашната фаза.

Нафтата, атомската енергија  и обновливите извори бараат и стратегија и повеќе стручност , за да индустријата стане целосно автоматизирана . Затоа, инжинери и техничари, како и истражувачи и понатаму ќе бидат неопходни за да управуваат со инфраструктурата , за да ги разбираат предизвиците  во индустријата и за да се во тек со иновациите.

Што се однесува до биолозите, иако АИ може да се користи како алат во медицинската индустрија ( што веќе и се прави) , новата технологија нема потребна креативност  за научни откритија.

Затоа според Гејтс, во меѓувреме , стручњаците ќе ја користат АИ за анализирање на големото количество податоци  и за дијагностицирање на болести.

Тој смета дека можеби и неговата прогноза може да се покаже како погрешн и дека начинот на користењето на новата технологија ќе се преобликува , како што тоа во минатото се случи со индустриската револуција, или со интернетот.

Што ќе рече дека АИ и да не стане она што се нарекува трајно нешто-Бил Гејтс верува дека вештачката интелигенција нема да остане само мода на минување. 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе