Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

САД : Предупредување за Додик и неговите подржувачи

САД : Предупредување за Додик и неговите подржувачи

Милорад Додик претседател на српската енклава во БиХ и свовиден газда на Република Српска е силен подржувач на Доналд Трамп, уште пред американските избори, а особено по неговата победа, од кога во јавноста  се појавува со црвеното капче, какво носи Трамп, со слоганот- да ја направиме Америка одново голема (МАГА).

Сето тоа за да и се додвори на новата администрација во Вашингтон , уверен дека таа ќе му биде повеќе наклонета во неговите настојувања да се дестабилизира  БиХ, заканувајќи се со сецесија и обединување со Србија. Создавајќи и одржувајќи притоа опасна криза и во регионот на Западен Балкан.

Сецесионистички закони

Арогантен и насилен, каков што е, по углед на српскиот и рускиот претседател -неговите спонзори за делување во регионот- Додик ја искористи ситуацијата со смената на власта во САД, за да набрзина донесе закон со кој – ја забрани работата на судот на БиХ, на обвинителството и на безбедносната агенција Сипа на територијата на енклавата.

Односно, практично, да спроведе проширување на администртивното отцепување од матичната држава, имајќи ја притоа отворената подршка на путинова Русија која настојува од БиХ да создаде Молдавија на Балканот, на орбанова Унгарија и на режимот на Александар Вучиќ, за изградба на неговиот „српски свет“, во кој покрај Србија , Република Српска и Црна Гора се вметнува и Северна Македонија.

Ваквата еднострана и контра дејтонска одлука  е донесена откако Додик  беше осуден  затоа што  одбива да ги почитува одлуките специјалниот меѓународен пратеник за БиХ.

„Никој ништо не ни може“

Додик сега е уверен дека покрај Москва, на своја страна  ја има и Америка, па дури и трамповото излагање во Конгресот  на САД ( такво како што беше, со критики на бајденовата администрација), во Бања Лука ја има прославено со кафанска музика и со нему омилената  песна-„Никој нипто не ни може“.

Но, брзо уследи отрезнување откако тој, но и неговите подржувачи од регионот, добија од Вашингтон силна шлаканица- остра порака од Стејт департментот дека промената на администацијата не се однесува за Додик и таквите како него.

Државниот секретар Марко Рубио го обвини Додик дека ја поткопува стабилноста на БиХ, покажувајќи дека трамповта администрација продолжува таму каде што застана онаа на Џо Бајден.

Додик против Марко Рубио

„Ги  повикувам (американските) партнери во регионот да и се приклучат на САД во спротивставувањето на ова (додиково) опасно и дестбилизирачко однесување“- има речено Рубио, мислејќи на законот за непризнавање на судовите и обвинителството на државата Босна и Херцеговина.

На критиката на Стејт департменот, Додик не само што не одмолче, иако претходно законот го осуди  американската амбасада во Сараево, туку грубо му  возврати на Рубио.

„Тој воопшто не е во право кога вака  зборува. Може да биде божество , а не државен секретар на САД , па би било добро за да види што овде ( во Босна) се случува , а не само да го признава лажниот наратив, конструиран од Бајденовата администрација“- има напишано во својата налутена реакција Миле Додик.

Префрлање во Будимпешта ?

Медиумите откриваат дека после ова моќникот на енклавата Република Српска, нема нарачано музика, ништо нема прославувано, а велат дека ( по совет на некого од страна-најверојатно од Белград), многу брзо по тоа ја има тргнато прекорната порака, која на Твитер, сега Икс, му ја има пратено на Рубио. И не се појавува со капчето со трамповиот слоган.

Според медиумите во Будимпешта, Американците биле бесни и на Унгарците на Орбан, уште еден обожувач на Трамп и на неговиот десничарски популизам , кога разбрале  дека унгарскиот деспот, на барање на Вучиќ и на Путин, има испратено специјалци во  српската енклава – да бидат на готовс.

Нивната задача била да го префрлат Додик во Унгарија, доколку за тоа се јави потреба, односно доколку се почне со апсење на претседателот веќе правосилно осуден.

Порака за Западнобалканци

Осуда на осудувањето на Додик уследи од Белград, од Будимпешта и Москва, а велат и од Скопје, каде српскиот политичар од Босна,  стана новиот „страешки партнер “ на вмровско/бранковистичката влада и истомисленик на северномакедонскиот премиер, во свртувањето на земјата кон Истокот.

Служејќи им на српскиот претседател и на Орбан, а преку нив и на Кремљ.

Пораката на Рубио, затоа, е порака до сите западнобалкански мангупи, посебно на оние во Република Српска и во Северна Македонија. Се верува дека амбасадорката на САД во Скопје тоа правилно им го има истолкувно на локалните лажни патриоти.

Предупредување за Белград

Конечно, договорите со  Бугарија и Грција  се направени во време на првата администрација на Трамп, за чие создавање активо беа вклучени Американците.

Сепак, пораката на Рубио најгласна е за официјален Белград.

Се смета дека станува збор за остро предупредување за српскиот претседаел кој го има создадено Милорад Додик да биде она што е – орудие на Вучиќ за одржување на кризата во БиХ. И тој навивајќи за Трамп и верувајќи дека со трамповата администрација ќе може уште повеќе да си поигруваат со ЕУ.

(С.Г.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе