Украина-три години под руска агресија
Три години Украина и Украинците се изложени на брутаалната агресија од Русија, која Кремљ цинично продолжува да ја означува како „специјална воена операција“ без разлика на стотиците илјади воени жртви- војници (велат) главно припадници на етничките малцинства, платеници, а од крајот на минатата година и Севернокорејци.
Европски собир во Киев
Дури на тригодишнината од инвазијата, која почна откако Владимир Путин ја лажеше меѓународната јавност дека на границата со Украина „само се изведува воена вежба“, Русите продолжија со бомбардирањето на украинските градови.
Во истовреме додека во Киев се собираа лидерите на ЕУ, премиерите на десетина земји-членки и на Канада, за да изразат подршка на земјата изложена на со ништо непредизвиканата војна.
ЕУ се огласи и со изјава по повод тригодишнината од првата војна на европско тло по Вторта светска војна, согласувајќи се дека САМО РУСИЈА е виновна за она што се случува на европскиот Исток , прогласувајќи ја за земја- агресор.
Разделба на ЕУ со трампова Америка?
За 6 март ЕУ закажа и одржување специјален самит за Украина, покренувајќи нови санкции за Русија, откако со подрршка за земјата изложена на руската агресија се огласија и Германија и Франција, Хрватска, Полска и Грција, како и Британија која сега настојува да се стави и во улогата на помирител на Вашингтон и Киев по серијата будалести изјави на Доналд Трамп за сметка на Украина и нејзиниот претседател.
Особено што се дадени онака – од пакост и надуреност на еден арогантен политичар кој сака да се прикаже како миротворец- диктирајќи го мирот – во Украина- онака како што им одговара нему и на Путин.
Собирот во Киев , на тригодипнината од руската агресија, затоа се разбира не само како реакција на делењето ордени во Кремљ на „хероите од ослободителната операција“ туку и како европска реакција на радикално вртење во европско-американските односи за да се направи „пазарлок„ на Трамп со деспотот од Кремљ.
Страв од нов „Минхен 1938“
Налик на еден историски настан – што Европејците го паметат само како зло- мировниот договор од Минхен 1938 година – со кој на Хитлер му се даде право ( во името на мирот) не само да изврши аншлус на Австрија, туку и на Судетската област во тогашна Чехословачка.
Со парчето хартија од Минхен, со кое тогашниот британски премиер Невил Чемберлејн се фалеше како миротворец, не само што не се обезбеди мир во Европа, туку му се даде право на Хитлер за освојување на цела Чехословачка, подоцна и Полска, по што- само една година по минхенскиот дил- почна Втората светска војна.
Трамповото залетување со тоа дека само тој може да обезбеди мир во Украина- пазарејќи се со Путин- изгледа дека се лади во Вашингтон. Како што се лади и подршката на Американците за новиот претседател- која е најниска за еден шеф на државата на почетокот од мандатот- па сега фалбите како да делуваат пригушено.
Воена помош за литиум и титаниум
Во тек е само притисокот на САД да ја натераат Украина да се согласи за добивањето воената американска помош, Киев да им ги даде на Америте 500 милијарди долари вредните рудно и минерално богатство.
Остануваат и дисквалификациите за Киев и за претседателот Володимир Зеленски дека -ако сакале договор и мир ќе го обезбедиле во изминатите воени години.
Притоа, Трамп уште ги обвини и Франција и Британија што не направиле ништо за крај на војувањето, што делува несериозно за еден претседател на САД, кога Белата куќа добро знае дека војувањето го почна (и се уште го одржува) путинова Русија, прислувајќи ја Украина да се брани.
Нови трамповци
За оние кои заборавиле, или се преправаат за тоа, а тое важи и за вмровско/бранковистичко дружество, и за русофилите- во Северна Македонија сега претворени во силни трамповци, Киев има прифатено преговори со агресорот само четири денови по инвазијата од пред три години.
Украинците бараа прекин на огнот и повлекување на инвазионата војска, што беше единствено разумно да се побара. На првите преговори, на белоруска територија,Русија, меѓутоа, настапи и арогантно и уценувачки- барајќи некаква денацификација на Украина (!?) , неутрален статус на земјата и признавање на Крим како руска територија.
Во март 2022 се одржа нова рунда преговори , во Брест во Белорусија, главно за обезбедување коридори за бегалците , што Русија одново го условуваше- да биде насочено само кон руската територија.
Преговори на почетокот од агресијата
Веќе стана јасно дека разликите се огромни0, затоа што Киев бараше почитување на украинскиот територијален интегритет и враќање на териториите земени со првата инвазија во 2014 година, како и прифаќање на неутралноста, но за сметка на безбедносни гаранции од НАТО и од други.
Москва, пак, продолжува да бара признавање дека Крим е Русија, како и признавање на независносто на тогашната НР Луганск/Донецк што ја креираа во Кремљ, но и денацификација и демилитаризација на Украина. Во основа барање за нејзина капитулација, уште и со забрана за влез во НАТО и укинување на санкциите кон Русија.
На 10 март во Анталија се сретнаа Лавров и тогашниот украински министер за надворешни работи Кулеба, со турско посредништво. Се ветуваше напредок, но до него не дојде.
Брзо потоа се случи масакрот на цивилите во малото украинско место Буча, а ЕУ и додели кандидатски статус на Украина. Руската страна го искористи тоа за да во јуни 2022 ги анектира украинските региони- Луганск, Донецк, Хершон и Запорожје.утин бара само капитулација
Путин бара само капитулација
Стана јасно дека Кремљ бара капитулација воена од Украинците и откажување на 20 отсто од нивната територија, не давајќи за возврат ништо. А најмалку некакви гаранции дека на Путин нема да му текне уште нешто- на пример расцеп на земјата, ако веќе неможе да ја поседува целата.
Така се продолжи во текот на 2023 и во минатата година, се до појавувањето на Трамп со неговите ветувања за мир за 24 часови. За Кремљ, пак, тоа стана шанса за натамошно замајување на домашната јавност за која се тврди дека не верува оти претседателот на САД има било каков план за мир.
Путин сега, со новиот човек во Вашингтон, гледа можност само да се прикаже пред русофилскиот свет дека тој е за мир во Украина, а дека Киев и Зеленски одбиваат да преговараат.
А, одбиват во услови на диктат и онака како што сака путинова Русија. За да по три години војување не ќе бидат натерани на капитулација. Како Европа со срамниот дил од Минхен, од пред 87 години.
(Спектатор)
