Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Вербална војна меѓу Трамп и Зеленски

Вербална војна меѓу Трамп и Зеленски

Од првиот претседателски мандат се знае дека Доналд Трамп им завидува на светските деспоти и диктатори, воодушевувајќи се од еден Путин ,  од севернокорејскиот лидер со кого и се дружеше, од Бразилецот Болсонаро и Унгарецот Орбан, па дури и од хитлеровта моќ (барем така тврдат во своите мемоари двајца трампови екс советници- Болтон и Мекмастер) , затоа што се справуваат брзо и лесно со оние кои им прават проблеми.

На почетокот на вториот мандат, во само 30 денови, Трамп е на добар пат- грубо да отурне од себе еден сојузник и потенцијално важен играч во новите геостратешки разместувања, за сметка на еден деспот , каков е рускиот претседател кој 25 години „царски“ владее со Русија и си има обезбедено право да владее до крајот на животот. 

Нема мировен договор без Киев

Како сега стојат работите, Трамп е намерачен на украинскиот претседарел Володомир Зеленски, затоа што тој (изгледа) не сака да игра онака како што се определил американскот претседател- а тоа е да му угодува на Путин, убеден дека е некаков светски миротворец кој на светот ќе му донесе мир, пазарејќи се со рускиот деспот.

Притоа, не грижејќи се премногу за интересите на другите, во случајов на Украина и на Украинците кои три години војуваат за да ја одбијат бруталната руска инвазија, откако веќе им се окупирани (и анектирани) пет региони од Истокот на земјата, што Путин ги има прогласено за „историски руски територии“.

Во вакви услови, нормално е Киев да бара да биде дел од мировниот процес што Трамп го рекламираше во својата изборна кампања- прво дека за 24 часови ќе обезбеди мир во Украина, што потоа се развлече на шест месеци, а сега излегва дека станува збор за процес, што започна во Ријад, пред некој ден, со средбата на Марко Рубио и Сергеј Лавров.

Канонада од дисквалификации

На средбата немаше место ниту за Украина, а ниту за ЕУ, како погодени страии од руската агресија, па првата комуникација на Американците и Русите ( по самитот на Бајден со Путин во Женева), заврши со задоволство на Москва.

За руската страна  средбата во Саудиска Арабија  претставува нејзин  успех. Во успех веруваат и Американците, па Трамп изјави  дека – верува оти Путин е определен за завршување на војната. Сето тоа го заокружи  Лавров признавајќи дека -е договорено да се обноват билатерните односи и да се постават амбасадори во Москва и во Вашингтон.

Украина остана да чека „милост“ од Трамп и  да молчи. Затоа што инсистира  дека не може да има мир и мировен договор за војната, уште и траен мир на европскиот Исток, без Украина.

Згора на тоа- на ваквата  забелешка од Киев-  од Флорида и трамповата раскошна вила, уследи канонада од омаловажување, дисквалификации и лажни вести за сметка на Украина и претседателот Зеленски.

Ситуација без преседан

Во Киев велат дека она што го има речено Трамп, досега се слушаше само од антизападните ТВ станици во Москва, сосема различно од реториката на ЕУ и НАТО  и на самите Американци- посебно што американскиот лидер (практично) го обара Зеленски, дисквалификувајќи го пред украинската и меѓународната јавност.

Почна со тоа дека Киев треба да заборави на членство во НАТО, како и на враќање на окупираните територии, а продолжи со трамповото тврдење дека Зеленски е „диктатор“ , дека нема изборен мандат и дека лошо ја води земјата.

За посматрачите во главниот украински град, ова се работи „без преседан во поновата историја на меѓународните односи“ кои доаѓаат директно од еден американски претседател.

Притоа, се цитира Лавров, воодушевен што – „за прв пат еден западен лидер ја брани и за подржува руската позиција за војната, за причините , за тоа кој е виновен и за самата Украина„.

Сојузништво за пари

Европа е во неверување од (наеднаш) покажаната трампова грубост, во време кога се мислеше дека тој и Зеленски можат да комунцираат- не како со Џо Бајден, но сепак да делуваат усогласено околу мировниот процес, за кој Трамп е решен да се спроведе – по секоја цена.

За време на бајденовата админстрација, Вашингтон и Киев беа блиски сојузници , но Трамп се одлучи сето тоа да биде – за пари. Америка да продолжи да ја храни Украина со оружје и она што и треба, но Украинците тоа да го плажаат со своето рудно богатство- пред се со стратепките минерали како литиумот и титаниумот.

Киев првично прифати еден таков дил ( за што ниту ЕУ, а ниту Русија не беа воодушевени), но рабитите се изјаловија кога Зеленски побара од САД – за возврат безбедносни гаранции за да се обезбеди земјата од некоја нова руска агресија- посебно откако Трамп, како патем има речено дека не се знае ништо во иднина.

Односно дека можело да се случи  Украина одново да биде дел од руската територија. 

Дезинформации и лажни вести

Тогаш излезе дека Зеленски е диктатор, дека нема мандат , дека е неомилен кај Украинците и дека не го бива за функцијата- можел да се спогоди за мир и многу порано. Секако со капитулација пред Владимир Путин, предавајќи му 20 отсто од украинската територија.

Јасно е дека Доналд Трамп кога се брани и кога  сака некого да дисквалификува , споменува факти кои не се тоа. Користи најчесто и дезинформации и лажни вести, како што тоа го правеше во изминатите четири години.

Така е и кога  станува збор за популарноста во јавноста на украинскиот претседател. Анкетите правени на почетокот од февруари покажуваат дела Зеленски ја има подршката на над 57 отсто од гласачите. Во САД, анкетите покажуваат дека политиката на Трамп ја подржуваат 53 отсто Американци.

(С.С.Г.)

 

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе