Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

САД депортираат 185 илегалци од БиХ

САД депортираат 185 илегалци од БиХ

Вкупно 185 државјани на БиХ ќе бидат протерани од САД, во својата матична држава, врз основа на драстичните мерки на администрацијата на Доналд Трамп, за масовно протерување на илегалците- мигранти кои без дозвола престојуваат и работат во Америка, користејќи ги „дупките“ во тамошните имигрантски прописи.

Веста за тоа ја потврдија и во Вашингтон и во Сараево, а сараевскиот весник „Дневен Аваз“ открива дека меѓу двете страни веќе е договорена динамиката и бројот на илегалците кои се во Америка.

Дома во Босна или во Гвантанамо

Првата група би требало да пристигне веќе за неколку денови . главнината на депортацијата да се изврши по тоа. Во Сараево велат дека сега се очекува да се добие толкувањето на американските  прописи за да се определи како ѓе тече префрлањето на овие луѓе.

Депортираните опфатени со сегашната бројка се лица кои имаат  направено некакво кривично дело во САД, за што биле судени и казнети.

Многумина од оваа група определена за протерување  самите имаат изразено желба да бидат префрлени во матичната држава, во БиХ. стравувајќи од можноста да бидат одведени во затворот на американската воена база Гвантнамо, на Куба, или во Салвадор, во тамошниот голем затвор- најголем во Централна Америка.

Предупредување од Американците

По постигнатата спогодба на тамошните власти и владата во Вашингтон, постигната е согласност во оваа голема апсаана да бидат префрлени затвореници кои се на издржување на затворски казни за потешки кривични дела, затоа што станува збор за криминалци- странци и затоа што (наводно) немало место во американските затвори.

„Подобро е да се вратат во БиХ, каде ќе се одлучува дали осудениците ќе треба да го продолжат издржувањето на казната“- сметаат во Сараево, објаснувајќи дека станува збор за полесни кривични дела, за што владите на двете земји не расправаат.

Сега се открива дека од амбасадата на САД имаат добиено предупредување да сорабитуваат со Вашиингтон за ова прашање кое е испрарено до владите на сите земји во регионот и станува збор за трамповата одлука да ги депортира илегалците кои се во Америка, што беше едно од неговите најгласни ветувања во изборната кампања.

Злоупотреба на визата

Во МНР на БиХ имаат изјавено дека веќе се издаваат патни листови- како замена за пасошите што депортираните ги немаат, или намерно ги имаат уништено, за да го сокријат својот идентитет.

БиХ и САД немаат договор за екстрадиција, па не се знае каков статус ќе имаат овие повратници од Америка.

Од друга страна, има многу , како од БиХ, така и од другите  земји на Западен Балкан (вклучувајќи и граѓани од Северна Македонија) кои легално заминале во САД, но кои по истекот на визата, или завршувањето на она за што таму престојувале, одлучиле илегално  таму да останат- наивно верувајќи дека нема да бидат откриени.

„Техниката“ на Маск

Станува збор за „техниката“ која на почетокот ја има применето сегашниот милијардер и миленик на Трамп, имигрантот од Јужна Африка Илон Маск.

Тој ги има исто така изиграно имигрантските прописи, со тоа што дошол во САД за да студира, а не студирал ниту еден ден, туку со студентска виза веднаш почнал да тера бизнис.

Имал и пари и врски, за да на време  стане државјанин на САД.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе