Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Луѓето бегаат од Санторини

Луѓето бегаат од Санторини

Малиот грчки остров Санторини, сместен на југот од Егејското Море , со денови живее во паничен страв од можен силен земјотрес, откако оваа атрактивна и популарна туристичка дестинација, е погодена од цела серија помали потреси. 

Од рано во петокот, кога се регистрирани првите забележливи потреси на тлото, островот и неговите жители и гостите кои се на одмор, се соочени со (речиси) постојано тресење.

Во првите 48 часови се регистрирани над 200 потреси

Силна сеизмичка активност

Засега нема сознанија за предизвикана штета, но локалните власти наредија затворање на училиштата и подигнаа големи шатори во зоната на пристаништето- за секој случај.

Владата во Атина, која е под силен притисок што и после две годнни нема никаква разврска за железничката катастрофа,во долината Темби, во која загинаа шеесетина лица, сега не сека да и се случи нова несреќа , а таа да се обвинува за неодговорност, па побрза да ги предупреди лугето на внимателност во врска со потресите.

Тоа, меѓутоа, веднаш предизвика вистински егзодус од (инаку) постојано пренаселениот Санторини.

Над 11 илјади лица досега избегаа од островот кон Атина, носејќи со себе само најнеопходни работи- дури седум илјади со ферибот, носејќи ги со себе и свооте возила, а за четири илјади лица се знае дека заминеле со авиони.

„Островот остана без луѓе“

Паниката ја има предизвикано зголемувањето на силината на земјотресите. Последниот , во вторникот, бил со јачина од пет степени и се смета за досега најсилен, по што пристаниѓтето се наополнило со патници кои го чекале првиот следен траект.

Другите од тогаш или спијат во своите автомобили, или пак се разбегале по планинте на островот.

Некои од бројните хотели  ги празнат базените, затоа што им било речено дека тежината на водата ги прави зградите подложни на оштетување.

„Се е затворено, затоа што никој не знае до кога ќе траат потресите. Ништо не работи. Како целиот Санторини да е оставен без луѓе„- има изјавено еден локален жител, пред и тој да замине со траект за Атина.

Силен земјотрес пред 75 години

Сеизмолозите велат дека ваквата сеизмичка активност може да трае кратко, но може да се развлече и со недели,

Грција е една од сеизмички најактивните земји во Европа, затоа што се наоѓа на границата меѓу африканската и евроазиската тектонска плоча , чие  поместување предизвикува чести земјотреси.

Санторини, пак, го има добиено својот сегашен изглед после една од најголемите вулкански ерупции во историјата, што се случила во 1600 година пред нашата ера. Последен силен земјотрес на островот имало во 1950 година.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе