Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција : Нема виновници за железничката катастрофа

Грција : Нема виновници за железничката катастрофа

Безмалку две години по железничката несреќа во Грција, во февруари 2023 година, јавноста во земјата се уште не  знае како се случи два воза да се движат по иста линија и да загинат 57 лица- најмногу во историјата на грчката железница.

Од владата, се уште нема конечни сознанија за несреќата, која и натаму останува до крај нерасветлена и обвиена со тајност. Поради тоа, ситуацијата е погодна за бројни приказни за тоа дека владата на премиерот Киријакос Мицотакис ја сокрива вистината од домашната јавност.

Нетранспарентна истрага

Засега е познато само она што се знае од самиот почеток- дека два воза- едниот експресен кој се движел од Атина кон Солун и еден теретен што се движел кон грчкиот главен град- се судрија кај една мала железничка станица во долината Темби, во централна Грција.

Засега има само еден виновник- шефот на станицата кој нема забележано дека двата воза се движат еден кон друг.

По несреќата, оставка поднесе и тогашнот министер за сообраќај Костас Карамалис, но од тогаш владата ( практично) нема ништо  направено. Истрагата за која се вели дека се уште трае, тапка во место. па затоа  Мицотакис и министрите се обвинуваат дека намерно ја развлекуваат работата и го забошотуваат тешкиот инцидент.

„Тајно превезување отровни материјали“

Роднините на жртвите, главно млади луѓе – студенти кои таа ноќ патувале кон Солун- обвинуваат дека власта истратага е нетранспарентна и дека се сокриваат важни докази.

Најмногу за тоа дека веднаш по сударот на возовите- најмалку 30 од жртвите се уште били живи и дека некои од нив, заглавени во згмеченитените вагони , се јавувале преку мобилните телефони, барајќи  да им се помогне и да им се дадат гас маски.

Најголемиот сомнеж околу тоа зашто владата ги сокрива деталите за несреќата е дека товарниот воз (тајно) превезувал опасни, хемиски материјали, што од силината на сударот се запалиле, предизвикувајќи експлозија и ширење на отровни гасови.

За роднините на загинатите, токму тоа е причината што во несреќата има толку многу жртви. 

Појавувањето на ваквите детали-без разлика дали се сосема точни, или се само последица на долгото молчење на владата за целиит случај- предизвикаа во Атина и во Солун, како уште и во 100 други градови и населени места и во 13 главни градови во Европа, каде има грчки етнички заедници- да се одржат најголемите досега демонстрации во Грција.

Опозицијата бара парламентарна расправа

Иницијативата е тргната од партијата Сириза, на која и се приклучиле сите опозициски партии  од левицата.

Тие бараат вонредна седница на Парламентот за железничката несреќа, на која премиерот Мицотакис би морал да и објасни на јавноста- зашто се сокрива вистината за – како што се вели- најголемото масовно убиство-  во Грција.

Аналитичари во Атина, меѓутоа,  се сомневаат дека владата ќе одговори на ова барање,затоа што има уверливо мнозинство во Парламентот.

И покрај големата излезност на протестите и силниот гнев во јавноста за она што се случи во февруари 2023 година, владеачката Неа Демократиа на Мицотакис, уверливо победи и на последните парламентарни избори- уште и зголемувајќи ја предноста.

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе