Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

„Во Солун преку Бугарија„

„Во Солун преку Бугарија„

За новогодишните празници, северот на соседна Грција, а посебно Солун и околните кранрежни локалитети, некогашни рибарски места, а сега урбанизирани туристички  населби, беа преполни со гости од Северна Македонија.

Нешто поради самите празници и (вообичаениот) продолжен викенд, нашто поради времето – како во рана пролет- а најмногу поради имотот (станови и куќи) што македонските граѓани го поседуваат во Солун и во оконите туристички населби, па сега се одмараа на зимското сонце, како да се дома.

Мачно враќање дома

Кога човек ке види дека буквално нема авомобил од некои од северномакедонските градови што не е присутен на солунските улици и паркинзи,одново  се потврдуваат како лажни пропагандните изјави , од пред изборите, на сегашниот премиер- за „големата бедотија“ на Македонците- во што поверуваа и оние со становите и вилите во солунско.

И пред изборите беше јасно дека човекот кој постојано лаже, не е во право. Грците  уште тогаш се имаат прашувано- од каде им на „сиромашните“, дојдени од северната сосетка – толку пари за да купуваат недвижен имот во Солун и околината. Но, тие се по бизнисот пред нас, па веќе не им е битно од каде доаѓаат парите.

За оние кои се враќаа дома, за да бидат овде, со своите блиски за Божикните празници, заовоството од престојот во најблиското соседство, целосно го расипува непрјатното долго чекање на границата- за влез во сопствената држава.

Изнервирани и гневни

Луѓето кои во попладневните часови и по сонце се престроија на границата, во РСМ влегоа ноќе . Гневни, измрцварени  и гладни, откако со часови останаа заглавени во своите возила.

Но над се останале изнервирани и гневни од „новата  народнана полиција“ на вмровската власт и на министерот – другарче и  личен адвокат на премиерот.

Беше очигледно дека станува збор за крајно лоша организација и за неснаоѓање на новите (партиски) кадри на поранешниот адвокат, сега претворен во „шериф“ за правање парада во јавноста, за апсење на лица што не може ( и не сака) да ги уапси- од политички причини.

Она што,меѓутоа, ги има најмногу изиритирано луѓето, кои мораа да издржат „тортура“ чекајќи да сигнат дома, бил грубиот и арогантен однос  на граничните полицајци.

Полицајци сугерираат за бугарски пасош

Според признание на жртвите на таквиот однос- на приговорите за предолгото чекање, полицајците кои ги прегледуваат пасошите , најчесто, реагирале со – „па , добро, чекате и на грчка страна..што е проблем ако чеката и на нашата страна„.

Секако, не се тие за пример,  но овој пат ( а и во други случаи), грчката полиција на границата знаела да биде поекспидитивна. Дури за постновогодишниот налет на патници за враќање  во земјата, за кој станува збор се чекало многу помалку.

Сепак, најиритирачки е сознанието дека некои од вмровските полицајци сугерирале- „па за да не чекате, одете преку Бугарија. Сега меѓу Бугарите и Грците нема граница“.

Не е само арогантно и кавгаџиски, туку станува збор за нешто што еден полицаец на Северна Македонија не смее да го направи- да ги тера своите сограѓани да се одродат од сопствениот  народ, да станат Бугари по род, за да може да бидат бугарски државјани и да поседуваат бугарска патна исправа- пасош.

Одродени „патриоти“

Такви полицајци има во новата вмровска полиција. Така, впрочем, размислуваат во  партијата на власт, на која одродените Македонци и тие што го сокриваат предавството на мајските избори им дадоа апсолутен мандат- да прават што сакаат, верувајќи во лагата дека само тие се „патриоти“.

Во крајна смисла, познато е дека во РСМ има бугарска етничка заедница и тие не се „двеста-триста“ како што зборува лажливиот премиер.

Тој и самиот е дел од едно такво семејство, а во владата постави ваква Бугарка- за министерка. Бројката на оние  кои се убедени во својот   бугарски идентитет, сепак, е многу поголем- околу 120 илјади и продолжува да се зголемува.

Лажен патриотизам

Но, лажливо, неискрено и конечно, навредливо е за нас другите, токму тие- новокомпонирани Бугари-  да ни продаваат „патриотизам“.

И над се токму- тие да го блокираат европскиот пат  на земјата и на вистинските , неодродена Македонци- наводно заштитувјќи го македонството.

Нејасно е само зашто им треба лагата кога  ним идентитетот не им е важен. Тие сега ќе може да си одат во Солун, во своте станови и вили- преку Бугарија- без никаква пасошка контрола.

(О.У.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе