Трамп ќе ги освојува Панама и Гренланд
Уште не влезен во Белата куќа, како претседател, Доналд Трамп се промовира себе си, заканувајќи се како новиот освојувач на туѓи земји и територии.
Тоа се случува во време кога настојува да ја популаризира платформата ( од изборите) за изолација на САД од војната во Украина и од странски конфликти (кои ги има низ светот), но и за зголемување на тарифите на странските трговски партнери- за да се покрене домашното производство-ризикувајќи трговска војна.
Во исто време, во својот познат стил за расфрлање со големи зборови, веќе видена од првиот мандат меѓу 2016 и 2020 година, Трамп навестува нов агресивен приод во надворешната политика на неговата идна администрација.
„Анексија“ на соседна Канада
Промоцијатана тој нов приод излезе дека е непристојниот, недипломатски и во основа некултурен предлог до луѓето во Канада, да ја претвори оваа голема и мирна земја во американска провинција, како една Пенсилванија, на пример.
Уште и нудејќи им на Канаѓаните намалување на даноците за 60 отсто, доколку прифатат нивната земја да стане 51 сојузна држава на САД.
Станува збор за трамповиот судир со канадскиот премиер Трудо, откако овој, заедно со мексиканската претседателка , гласмо се спротивставија на неговите закани што ги делеи на сите страни со нови, високи увозни тарифи во Америка, настојувајќи на своите гласачи да им покаже дека- навистина ќе ја направел Америка да биде (одново) голема.
„Гренланд не е за продавање“
„Гревот“ на лидерите на Канада и Мексико е што тие одговорија дека ќе возвратат, со таа разлика што мексиканската претседателка подоцна ја „смири реториката“.
Трудо ,пак, кој во 2019 година беше мошне срдечно пречекан од Трамп во Белата куќа, остана на својата позиција- дека Канада ќе возврати , доколку се најде во наметната трговска војна со САД.
Трамп, меѓутоа, држејќи се за својот популизам, на Американците кои гласаа за него, веднаш после тоа им понуди уште една нова земја. Објави дека ( како и во првиот мандат) одново е определен да го купи Гренланд- автономна територија под контрола на Данска.
Од таму веднаш порачаа дека земјата „не е за продавање“, додека жителите на територијата му возвратија на арогантниот Американец оти -„тие не се (стока) за купување“.
Трамп го бара Панамски канал само за САД
Како сега стојат работите, познавајќи го овој „трговец“ со земји и територии, малку е веројатно дека 79 годишниот Трамп ќе прави ваков бизнис, како што тоа инаку го прави (како бизнисмен) со недвижен имот.
Политички експерти дури, сметаат дека трампова Америка малку ќе оствари и од неговите бројни ветувања во изборната кампања, како што тоа се случи и во првиот мандат.
Како и да е, со една ваква реторика само покажува дека неговата политичка агенда, за американската моќ и за САД како голема сила надвор од своите граници, всушност, е во функција на американските државни и безбедносни интереси.
Зборувајќи на конференција на конзервативците во Аризона, Трамп порачал дека наплатувањето такса за американските бродови кои минуваат низ Панамски канал е -„бесмислено и глупо, а е и крајно нефер“.
Закана од Кина ?
Откако САД имаат учествувано во изградбата на Каналот, пуштен на почетокот од 20 век (тогаш, пред се, за американските интереси), во седумдесетите години од минатиот век, Американците целосно ја имаат преземено контролата врз овој воден пат- со склучување на една меѓународна спогодба.
Оваа недела, меѓутоа, избраниот претседател се закани дека доколку не се измени сегашната ситуација (околу третманот на бродовите на САД) , Трамп рекол дека Америка ќе побара Панамски Канал да им се врати на Американците.
Според трамповци, тоа ќе се направело за да Каналот не падне во погрешни раце, мислејќи на Кина која покажувала интерес за преземање на овој воден пат. Кина сега е вториот најголем корисник на Каналот, после САД.
Економијата и таксите како изговор
Политички експерти во Латинска Америка, на кои се повикува Би-Би-Си, сматаат дека Трамп проценуваат дека, сепак, заканата за преземање на Каналот би била поради безбедносните интереси на САД.
Што ке рече дека економијата и постоечката такса за преминување, се само обичен изговор.
Колку за потсетување-откако Панама ги раскина своите дипломатски односи со Тајван и ја призна НР Кина како единствена кинеска држава, во 2017 година, режимот во Пекинг (како што тоа редовно го прави) почна силно да вложува во оваа земја, претворајќи се во главен инвеститор.
Сега веќе и не сокрива дека се интересира за Каналот, посебно што е видливо панамското свртување кон Кина.
Тоа пак покажа дека Панама не е интересна само за трговијата во реонот на Пацификот, туку дека Каналот е важен пат и при евеннтуален (воен) конфликт- за префрлање на воени капацитети. За Американците од источниот брег на САД во Пацификот.
Плашење со Русија
Сето тоа, се остава длабоко во сенка, за да се зборува за , наводниот, нефер однос кон САД, затоа што мораат да плаќаат такси за премин (како и сите другите), па затоа и доаѓа заканата на Трамп дека ако не се измени оваа ситуација, може да уследи преземање на контролата врз Каналот.
Претседателот на Панама Хозе Раул Мулино , брзо реагираше со соопштение дека Каналот и територијата околу него се- панамски и припаѓаат на Панама.
На другата страна, во врска со Гренланд, владата во Копенхаген брзо реагираше силно зголемувајќи ја одбраната на оваа данска територија.
Особено што во овој случај, уште од порано Трамп зборува за „руската закана“ во тој регион и за богатствито со руди (и нафта) што го поседува Гренланд- кои Трамп сака да ги купи, иако тие не се на пазарот.
Тактика од првиот мандат
Тоа значи дека и во овој случај, новоизбраниот претседател на САД се заканува со интервенција, мешајќи ги економијата и стратешките и воено-глобални интереси, потсетувајќи притоа дека на Гренланд САД имаат своја база.
Нешто што го прави путинова Русија- со агресијата врз Украина и со контролата која ја наметнува во Грузија, како и со делувањето да ја поседува и цела Молдавија.
Целата оваа работа добива нова димензија откако ќе се разбере дека вториот син на Трамп ги има ставено Канада, Панама и Гренлад на Амазон онлајн шопингот, а на Твитер (Икс) има ставено американско знаме врз територијата на Панама.
Безбедносни аналитичари, изјавиле за Би-Би-Си дека станува збор за истата тактика како и во првиот мандат, кога постојано се закануваше со тарифите, а испрати војници под оружје на границата меѓу САД и Мексико.
(С.Г.)