Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Најмоќните во Европа и во светот-жени

Најмоќните во Европа и во светот-жени

Угледниот европски медиум „Политико“ и познатото американско списание „Форбс„ во своите овогодишни ранг листи на највлијателните лица во Европа и во светот, на прво место ставија жени.

Бриселскиот портал се определи за италијанската премиерка Џорџа Мелони, додека Американците за највлијателна жени во светот ја избраа Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (ЕК)- или практично на владата на ЕУ.

Мелони прва во Европа 

Иако двете рангирање се правени одвоено и (секако) без усогласување на двете редакции- и „Политико“ и„Форбс“ се соглсни дека овие две жени- политичарки се навистина најмоќните и највлијателните во 2024 година.

Мелони е прва во европската класификација, додека на второ место е Фон дер Лајен. На светското рангирање пак- прва е претседателката на ЕК, додека премиерката на Италија е на третата позиција.

Мелони стана вест во светот кога стана првата жена-премиер во една „мачоистичка„ земја каква е Италија. Многумина притоа, не веруваа дека Мелони долго  ќе опстане на функцијата, навикнати на честите промени на премиери и влади во италијанската политичка пракса.

Ниту во Брисел не се радуваа  од изборот на една десничарка, за лидер на италијанската политика, откако со годни ги поднесуваат будалестите и нерезаумни, антиевропски потези на еден краен десничар и националист, како  што е Виктор Орбан.

„Јас раководам со владата“

Посебно тоа што за премиерка на третата европска економија доаѓа жена која иборите ги освои агитирајќи за – господ, татковината и семејството- а уште повеќе што како еден од коалициските партнери во власта Италија, има партиски лидер (Матео Салвини) кој е мошне близок до Владимир Путин.

Тогаш малкумина веруваа во нејзината самоуверена изјава дека таа е премиер на земјата и дека таа ќе раководи со земјата.

Две години подоцна Италија има стабилна влада, стабилна владина коалиција , која  се  соочува со обезглавена опозиција која признава дека (засега) не може да и се спротивстави на Мелони.

Конечно, иако државата е оптоварана со јавен долг кој изнесува 137 отсто од бруто националниот производ на земјата, економските прогнози не толку ложи за да се декуражираат инвеститорите.

Урсула  фон дер Лајен, највлијателна жена

Стабилноста на владата на Мелони е толку силна што странските аналитичаеи не реагираа на демократското назадување на Италија- кога станува збор за некои состојби врзани за слободата на говорот.

Веројатно поради нејзината силна проевропска определеност- за разлика од предавството на тие принципи од страна на Орбан, Ле Пен и другите  ултрадесничари, на кои им припаѓа нејзината партија- Италијански браќа. Таа е силен подржувач на ЕУ и на НАТО и од почетокот е на страната на праведната борба на Украина против руската агресија.

Списанието „Форбс„ својата листа на нејмоќните жени во светот ја означува како – ова е време за жените- иако се согласува дека десничарењето и конзервативизмот некои ( од светот на мажите во политиката) би сакале да ги натераат жените да  се вртат во минатото.

Да седат дома и да се грижат само за децата- како што се наведува во „Декларацијата 2025“ на приврзениците на Доналд Трамп.

Прв пат Мексико има претседателка

Списанието , затоа, на својата листа има ставено  десет највлијателни жени- како Европејките Фон дер Лајен и Мелони, но и првата жена претседател на Мексико Клаудија Шејнбаум. Станува збор за првата ена на највисоката функција во 200 годишната историја на оваа латино- американска земја и 12-економија во светот.

Самата Шејнбаум, инаку  Мексиканка од еврејско потекло, во својот инагурациски говор има порачано- дека ова е време за жените.

Нешто што не можеше по втор пат да помине во САД, каде Камала Харис беше поразена од едеен длабоко возрасен мачоист каков што е Трамп. Или случајот со Тајван, каде беше тргната Цаи Инг Вен, односно со Словачка, каде Сузана Шапутова беше замената со маж- популист, ставен во функција на исто таквиот премиер и најпосле-со  Грузија каде проевропската досегашната претседателка беше заменета со еден поранешен фудбалер.

Филантропи и во високиот бизнис

На својата листа „Форбс„  има ставено и две Американки кои се имаат посветено на филантропијата-Мелинда Френч Гејтс , која следната година ќе донира една милијарда долари.

Таа е поранешна сопруга на Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, додека следната на листата е Мекензи Скот, екс сопруга на Џеф Безос, која соопшти дека половината од своето богатство до крајот на животот ќе го донира за добротворни цели.

Но листата на првите десет се и четири жени од светот на бизнисит кои управуваат со банки и компании, како „Џенерал Моторс“ и банката „Ситигруп“. Како што во Европа тоа  е Французинката Кристин Легард, претседателка на Еропската централна банка.

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе