Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Романија со нови претседателски избори

Романија со нови претседателски избори

Романија ќе мора да организира нови претседателски избори откако Уставниот суд на земјата го поништи првиот круг и наложи повторување на целиот изборен процес. На актуелната влада и е оставено да закаже ново гласање.

Ваквиот развој на настаните ( во земјата изминатиот викенд требаше да се одржи вториот изборен круг), што се означува како -настан без преседан“ во земја членка на ЕУ и НАТО, беше предизвикан од откритијата на романските тајни служби дека „земјата била цел на агресивни сајбер напади од страна на Русија“.

Одлука на Уставниот суд

Од таму е извршена огромна пропагандна офанзива , преку иладници профили на социјалните мрежи  за да се промовира и за да се истакне како главен кандидат, малку познатиот романски ултра-десничар и националист, Калин Георгеску кој – на тој начин- неочекувано освои најмногу гласови.

За таа цел, руските тајни служби ги користеле „Тик-Ток“ и Телеграм кои важат за  најпопуларни сајтови во Романија.

Уставниот суд, прво дозволи да се изврши декласификација на сознанијата и извештаите на романските безбедносни служби. Веднаш потоа беше откриена континуираната онлајн кампања за промовирање на маргинално и малку познато лице во политичкиот живот на Романија, па највисокиот суд во земјата донесе одлуката, со која покажа дека имало директен упад на една странска земја во изборниот процес на друга.

Агресивен руски сајбер напад

Во исто време ваквата разврска на романските претседателски избори  ја покажа бруталноста на Русија, која по инвазијата врз Украина и изолацијата во која се наоѓа, Москва неизбира начин и средства за да се потресе европската демократија и да им се напакости на ЕУ и на НАТО и на нивните земји-членки.

Откритијата на романските тајни служби ги објаснуваат  големиот број жалби за гласањето во првиот круг, со барања за негово поништување. Сега се разбра дека „биле истурани пари“ во кампањата , за што биле внесени над 50 милиони евра, со интервали , во одделен период, кога  биле уфрлани и по три милиони, на дневна основа.

На тој начин, еден маргиналец за каков важи Георгеску, „победи“ во првиот круг добивајќи 23 отсто од гласовите, или околу 2,1 милиони, од вкупно 9,6 милиони гласови, колку што гласаа во првиот круг.

„Победник“ дојден од никаде

Наместо првичната (избразана) реакција дека уште еден ултрадесничар во Европа ќе прави проблеми, иако претседателот во Романија нема извршни права, бидејќи власта е кај владата, сега се зборува дека Калин се има појавено од никаде.

Непознат во пошироката домашна јавност, без партија зад себе и без било каква подршка во медиумите, тој важеше за целосен аутсајдер на изборите кој, според анкетите, нема да освои повеќе од пет отсто од гласовите. 

Особено што се декларираше како анти НАТО и анти ЕУ агитатор , со силен про-руски и пропутиновски сентимент.

Има 62 години, а излезе дека според местенката на Русите е популарен кај младите гласачи и дека ( наводно) тие се неговата гласачка база. Од деведесетите години на 2о век е во низа влади на романската левица и десница, најчесто како советник вп мимистерството за екологија.

Величење на квислинзите од минатото

Како тврд романски националист и ултрадесничар се има промовирано откако националистичката партија АУР која заговара некаква „Голема Романија“ го кандидираше за претседател, но из можен премиер, по парламентарните избори кои  се одржаа пред една недела.

Тогаш ја шокираше домашната јавност со величењето на политичари  од времето на романскиот наци-фашизам, во годините пред и во текот на Втората светска војна.

Во една ТВ дебата, Георгеску има зборувано дека диктаторот Јон Антонеску, квислинг и сојузник на нацистичка Германија и романски фирер,  како и Корнелие Кодреану, лидер на пронацистичката „Железна гарда“ – копија на хитлеровите СА единици- се вистинските романски херои и дека денешните генерации би требало на нив да се угледаат.

Романец подржувач на  Орбан

Тоа беше прв пат, по многу децении, некој на романската телевизија да го велича романскиот фашизам  и да ги фали неговите водачи.

Во исто време, да тврди дека ЕУ/НАТО не ги  заштитуваат романските национални интереси. Притоа, обвинувајќи ја американската воена индустрија дека ја одржува војната во Украина, за свои интереси. 

Станува збор за позиции кои се како прекопирани од разните измислени теории на Кремљ и на Владимир Путин , за да се оправда нелегалната и непредизвикана инвазија врз една независна држава.

Тој се брани дека нема врски со рускиот лидер, но сите негови изјави зборуваат поинаку. Уште подржувајќи го и Виктор Орбан. Тоа  го прави првиот романски политичар кој брани унгарски позиции, во време кога од Будимпешта се присвојува половина од романската територија- како „историски унгарска земја“.

(Б.Р.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе