Пратениците ја соборија француската влада
Пратениците од француската крајна десница и крајна левица- во заедничка иницијатива- ја соборија во Парламентот во Париз владата на премиерот Мишел Барније, отворајќи на тој начин политичка криза во земјата, но создавајќи криза и во ЕУ.
Ова е прв пат пратениците да соборат една француска влада, после 1962 година ,кога беше соборена владата на тогашниот премиер Жорж Помпиду.
Прв пат по 1962 година
За изгласување недоверба на владата на Барније, се определија 331 пратеници на ултрадесничарското Национално собирање и на левичарскиот Народен Фронт, дури 43 пратеници од потребната бројка. Тие можеа да гласаат само за отповикување на влатата, а не против неа.
Ваквата разврска не е изненадување, затоа што веќе неколку денови се знаеше ваквиот епилог, откако и десничарите и левичарите се здружија против новиот француски буџет што го понуди Барније. И двете партии на крајно десниот и крајно левиот блок соопштија дека нема да подржат предложениот буџет.
Во една ваква ситуација, премиерот се одлучи да го искористи правото кое му го дава Уставот- да прогласи донесување на буџетот на Франција за 2025 година- без расправа и без гласање во Парламентот.
Огромен долг на земјата
Во изјава , пред гласањето на пратениците, Барније рече дека сите сега треба да ја согледаат вистината и реалноста со (огромниот) француски долг. Тој се има согласено дека предложените мерки се тешки и болни, но тоа морало да се направи.
Тој уште има речено дека за земјата сега е најважно да се направат чекори со кои ќе се надминат меѓусебните (партиски) разлики и сите заедно да работат во општиот интерес на Франција.
По изгласаната недоверба, Барније мора да поднесе оставка ( ќе остане запаметен како премиер кој најмалку останал на таа функција), заедно со целата влада, а буџетот што го прогласи станува неважечки.
Макрон бара нов премиер
Не може да се одржат ниту предвремени парламентарни избори, пред јули следната година, затоа што францускиот Устав предвидува одржување на избори само еднаш во 12 месеци.
Сега останува да се види што ќе направи претседателот Емануел Макрон кој за четврток најави обраќање до фрранцуската јавност. Но, тој сега мора да определи нов манадатар, што според француските полиички експерти, нема да му биде лесно.
Тој би требало да биде компромисно решение за трите големи политички групи во Парламентот кои, како стојат работите, тешко може да се усогласат околу било кое име.
Самиот Макрон не веруваше во пад на владата, но во новата ситуација има навестувања во медиумите дека претседателот сака наследникот на Барније да биде познат до крајот на неделата и дека веќе има „сигурен кандидат“.