Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Христијаните не се плашат од крај на светот“

„Христијаните не се плашат од крај на светот“

„Христијаните не се плашат од крајот на светот“- има речено поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот Кирил, зборувајќи на седницата на рускиот (православен) национален собор, на кој се осврнал и на можноста од употреба и на нуклеарното оружје- за да се порази Украина, за да се обезбеди победата на путинова Русија и да се казни Западот.

Според Кирил,распирувањето страв , од некакви апокалиптични сценарија , од претераниот алармизам и од шпекулациите врзани за нуклерното прашање, не се корисни гледано од духовната страна на целата оваа ситуација.

Благослов за нуклеарното оружје

„Непријателот на човештвото се обидува да посее тескобност и страв  во срцата на луѓето , затоа што на тој начин полесно може да манипулира со некого кој е лишен од духовниот свет„- има речено патријархот кој уште порачува дека -„не треба да се поигрува со тоа, затоа што -христијаните не се плашат од т.н. крај на светот.

„Го очекуваме Исус кој ќе дојде овенчан со слава, ќе го уништи злото и  ќе им суди на сите народи„- има порачано поглаварот на РПЦ.

Во своето обраќање тој исто така рекол дека и покрај бестрашноста на христијаните, не треба да се седи со скрстени раце. Наместо тоа, црковната мисија на земјата е (сите ) да се претворат во – војници на господ- за да се одбранат високите морални идеали и за да се  спротивстават на злото.Тоа,според Кирил, била и цел на Русија.

Мислејќи на војната што Русија сега ја води на украинска територија и индиректно давајќи  подршка од страна на  црквата, за евентуалената (руска ) употреба на нуклерното оружје.

Воинствениот патријарх

Конечно, проповедајќи некаква бестрашност на христијаните  од можниот крај на светот рускиот патријарх ги има благословено научниците што имаат развиено и унапредено едно вакво- како што го има наречено-неверојатно оружје.

Поглаварот на РПЦ уште еднаш се декларира себе си како единствениот верски лидер во светот- уште прикажувајќи се и како духовен водач на сите православни христијани- кој благословува убиствено оружје и оние кои го имаат смислено.

Исто онака како што тој е единствениот кој наместо да се залага за праведен мир, благословува и потикнува освојувачка војна, агресија и запоседнување на туѓа територија. Без грижа за страдањето на невини цивили- Украинци.

Лојален сојузник на Путин

Кирил излегува дека е најголемиот и најлојален сојузник и подржувач на Владимир Путин и на неговиот режим, не само кога станува збор за војната во Украина, туку и за кризите што путинова Русија ги создава во земјите од поранешниот СССР.

Пред се, во Молдавија, Грузија и Ерменија, но и во екс комунистичките земји од поранешниот Источен блок, како што се Бугарија и Романија. 

На домашен терен, РПЦ и нејзиниот патријарх учествуваат во пресметката на Кремљ и режимот со политичките противници на Путин, како и во настојувањето на Русија да стане  предводник на православните христијани во Европа и светот, наместо Вселенскиот Патријарх во Константинопол (Истанбул).

Во таа верско/ политичка војна се вклучени ( на руска страна) и српската и бугарската црква, како и просрпско/проруското крило во Синодот на МПЦ.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе