Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

БиХ со двојно повисок минималец

БиХ со двојно повисок минималец

Федералната влада на БиХ соопшти дека ја зголемува минималната плата на вработениите во земјата – од сегашните 300 на околу 600 евра.

Ваквата одлука е дел од фискалната реформа што се спроведува во БиХ, па со новата законска регулатива – работодавачите се ослободуват од плаќање на дел од придонесите. На овој начин творците на реформата најавуваат силно придвижување на економијата, но и „задушување„ на црниот пазар.

Спречување на егзодусот

Покрај законот за минималната плата, со реформата се предвидува и донесување закон за регулирање на приходите на работниците. Целта на оваа законска мерка е обезбедување заштита на оние кои ќе останат со приходи под сегашната минимална плата.

Сега минималната плата во БиХ изнесува 620 босански марки, што е еднакво  на 310 евра. Со најавениот двојно повисок минималец, ќе се отвори пат за раст и на платите воопшто, со што  се создава систем и за раст и на пензиите- со усогласување на пензиите, со растот на платите.

 Зголемување на минималната плата најавија повеќето од земјите на просторот на екс Југославија- означувајќи го тоа не само како економско-социјална мерка, туку и како начин за да се спречи егзодусот на младите и остручени кадри. Со што максимално се загрозува и економската иднина и развојот на секоја од државите.

Скопје според српскиот модел

Тоа го најави и Хрватска, со раст на тамошниот минималец, иако откако е членка на ЕУ и на Шенеген зоната, се повеќе се приближува до Словенија – според просечната плата. Но, зголемување навести и владата на Црна Гора, која со новата  минимална плата ќе ја престигне и Србија.

Во Белград , пак, нема најави за повисок минималец, а нема никакви знаци дека  и владата во Скопје има намера да се занимава со ова мошне важно прашање, врзано за стандардот на луѓето, како и за иднината на Северна Македонија. 

Вмровската власт , која се повеќе се врзува за Белград , копирајќи ги еконмските ( но и политичките) потези на Србија- како што беше и поткупувањето на пензионерите, со популистичкиот „модел“ на српскиот претседател- еднократно- да им се зголемат пензиите.  Во македонскиот случај, во два круга (вториот на пролет и блиску до локалните избори).

Бизнисот против корекции ?

Сето тоа се одвива  во услови на се уште свежите пропагандни пораки на груевистичко/бранковистичкиот блок- за новата „народна влада“ која божем само ќе водела грижа за народот и за неговите потреби. 

Се покажа, меѓутоа,  дека и тие ветувања се лажливи и важат до завршување на изборите, па власта студено ги отфрла барањата на синдикатите и на опозицијата ( социјал-демократите), затоа што ДУИ се повеќе се однесува како да е дел од владеачкиот блок,

Од тие причини албанскиот блок молчи за барањата за итна владина  интервенција, врзано   за запирање на дивеењето на цените. Но, посебно  и за зголемување на минималната плата, за што – колку што се знае- се противи бизнис блокот собран во Комората, кој бара од владата да се  „држи за договорот од пред изборите“.

Опозицијата е за 450 евра

.Што ќе рече- да нема  систем за корекции на платите ( и пензиите) како што тоа го покрена и го спроведуваше претходната . Станува збор за нешто што сегашната влада ја име ветено- за да ја добие целосната подршка на бизнис комората за мајските парламентарни избори, а (веројатно) и за следните.

Опозицијата  сугерира- во случајот со цените, за  да се запре постојаниот раст и лакомоста на трговците- да се укине  ДДВ за храната (што изнесува само 5 отсто), додека кај минималецот, предлогот не е за тоа Северна Македонија да се трка со другите во регионот.

Предлогот  е минималната плата да се зголеми на 450 евра. Сега таа изнесува 367 евра. Но власта овој предлог арогантно го одбива, уште означувајќи го како пропаганда.

Најнизок минималец

Македонскиот минималец е најнизок-  не само во регионот , туку со новите корекции на другите – најнизок е и меѓу државите на поранешната федерација.

А, тоа предизвика една нова ситуација.  Лугето да не бегаат за работа само на Западот, туку и во поранешните ЈУ републики- затоа што платите насекаде се повисоки.

Колку за потсетување, партијата на социјал-демократите за изборите, ветуваше одржување на системот минималец-плата- пензии и во тие рамки – просечна плата 1100 евра, а минимална 600. Минимална пензија од 20 илјади денари и просек од 30 илјади.

Гласачите , меѓутоа, поверуваа дека навистина ќе бидат „одново горди“, а пензионерите се полакомија за 2500 денари.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе