Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Жртвување на американската гордост“

„Жртвување на американската гордост“

Американските избори и одлуката на гласачите да му дадат мандат на еден поранешен претседател, веќе длабоко возрасниот Доналд Трамп, продолжуваат да ги интересираат светските медиуми.

Сега веќе не само поради избраниот републикански десничар, каков, инаку, досега немало во Белата куќа, туку и по шареното, контроверзно друштво на луѓе- што ги поставува за министри и функционери на администрацијата.

Антиваксер – министер за здравство

Така, на пример, еден новинар-презентер на конзервативниот, десничарски ТВ канал „Фокс“ ќе биде министер за одбрана на САД.

 Во време кога земјата има голема потреба од работна сила,  политичар за кого  велат дека е на работ да биде  означен за расист, ќе биде задолжен за протерувањето на 11 милиони мигранти од Америка.

Во исто време, за висок безбедносен функционер е именувана жена, која е позната по признанието дека го застрелала своето домашно куче – затоа што било непогодно за дресирање.

Или, поставувањето на анти- ваксер кој ширеше  теории за заговори, а нема никакво медицинско образование, за министер за здравство. Уште тој е син на угледниот демократски политичар од минатото, Роберт Кенеди, кој ако не беше убиен во атентат, се верува дека  ќе беше избран за претседател на изборите во 1968 година.

Маск како американски Медведев

Циниците во САД забележуваат дека (веројатно)  сегашниот Кенеди (внук од брат на претседтелот Џон Кенеди) ќе биде под „надзор“ на  еден друг “ шарен“  функционер – телевизискиот доктор Оз, кој е исто ставен во трамповата администраија, за кого се вели дека ако ништо друго е лекар.

Тука е и Илон Маск кој (веројатно) ќе има мандат да ја реформира државната админстрација , а тоа значи да ја очисти од неподобните- односно  од оние кои не му се лојални на Трамп, бидејќи не гласале за републиканците.

Овој веќе сега секаде се појавува со Трамп, па дури и се однесува како американски функционер, згора и дели лекции и прекори на политичари во странство. Нешто налик на  Дмитри Медведев во Русија кој обично се кара со светот и го зборува она што јавно не го кажува Путин.

Продавање на Украина и Тајван

Коментатори и аналитичари на угледни медиуми во САД предупредуваат на опасноста за САД, но и за светот- поблиску или подалеку од Америка- па дури и можноста за воен судир на Балканот, поради една ваква администрација, која е далеку полоша од онаа што истиот Трамп ја состави кога претходно беше претседател.

Даниел Сервер, политички експерт и професор на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ во својата анализа вели дека доколку се реализира само една третина од крајнодесничарската и конзервативна „Програма 2025“- нема повеќе да постојат САД какви ги познаваат Американците и светот.

Според Сервер, новоизбраниот претседател е спремен да ги жртвува и американската гордост и чест. Трамповиот изолационизам, пак,  го означува како продавање на Украина и на Тајван, на Русија и на Кина .

Тоа, се заедно ќе биде доказ за трамповиот неуспех, бидејќи ќе ги  претвори САД во периферен играч- онака како што сакаат Москва и Пекинг.

Веројатност од воен судир на Балканот

За овој  угледен експерт, кој го познава добро и балканскиот регион, неуспехот да се подржат Украина ( во Европа) и Тајван ( во Азија) ќе значат „кукавичлок на Америка“ и предавство кон сите во светот кои веруваат во САД губење на довербата кон американската политика.

Особено што  предавството кон Украина и Тајван, ќе предизвикаат нови руски воени интервенции врз  Молдавија и Грузија, пред се, како и врз Балканот, создавајќи тензични ситуации и во Средна Европа- смета Сервер- забележувајќи дека  оставањето на Тајван на милост и немилост на Пекинг.  ќе биде закана за сите во Јужно кинеско море.

Конечно, Сервер предупредува дека  една ваква администрација и со ваков претседател во Вашингтон, веројатно  ќе предизвикаат и нов судир на Западен Балкан. Тоа би довело  до создавањето на “Голема Србија“ во рамките на она што сега во Белград се означува како „српски свет“.

Руски подарок за Трамп

Проценки се дека определбата на Американците за Трамп, во секој случај, е голем подарок за Москва и за Владимир Путин.

Според Сервер, во Кремљ си честитаат на победата врз основа на поплавата од лажни вести и дезинформации со кои ги туркаа гласачите во САД кон Трамп. Некои сето тоа се спремни и да го проголтаат, верувајќи во “брз крај на војната“.

Правејќи се притоа  дека заборавиле оти путинова Русија изврши инвазија врз Украина уште во март 2014 година, прекршувајќи ја спогодбата од Минск, која Путин ја искористи како  пауза за инвазијата во февруари 2022 година.

Она од што сега во САД најмногу се стравува тоа е заканата   дека ќе дојде со своевидна путинизација на Америка- до копирање  на духот на Кремљ и на путиновата авторитарна власт, според која ( и во Америка) се ќе се врти околу волјата на еден човек- шефот на државата.

Путинизација на Америка

 Даниел Сервер, на пример, смета дека  тука ќе дојде до најголемото обезличување на САД-  со елиминирањето на сегашната  администрација , за сметка на она што го заговара  контроверзниот “ Проект 2025“- за  државни службеници во владата.

Онака  како што има во Русија и Кина, како и во орбанова Унгарија, или на Западен Балкан.  Избирани по партиска основа, врз лојалноста кон партијата и лидерот, што и за овој угледен професор е идентично  со хитлерова нацистичка Германија и со комунистичките системи во Русија и во Кина.

Некому може да изгледа претерана ваквата проценка , но медиумите потсетуваат дека конзервативците во власта бараат – жените да не работат, да седат дома и да се грижат за децата. Новиот претседател, пак, се пофали дека ќе ја употреби и армијата на САД за терање на мигрантите- доколку националните гарди во сојузните држави не ја завршат таа работа.

(С.С.Г.)

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе