Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Писториус наместо Шолц ?

Писториус наместо Шолц ?

Пратениците на германската СПД (Социјал-демократска партија) , на еден внатрешен партиски состанок со големо мнозинство се изјасниле – нивни кандидат за канцелар, на предвремените парламентарни избори во Германија,  да биде Борис Писториус, сега министер за одбрана, наместо актуелниот лидер и канцелар Олаф Шолц.

Според неделникот „Шпигел“ ваквото (неофицијално) решение е донесено врз основа на сегашнот низок рејтинг на партијата и на самиот Шолц.

СПД за нов човек за изборите

Ва анкетите, десно-центристичката коалција ЦДУ/ЦСУ е уверливо најпопуларен партиски блок ( и се верува изборен победник), кој ја има подршката на 32 отсто од гласачите, на втората позиција е ултрадесничарскта АфД, со 19 отсто, додека СПД е трета со 16 отсто подршка, односно цели десет отсто помалку од изборите во 2021 година.

Со ваквата одлука на пратениците во Бундестагот се имаат согласено и локалните и регионалните пратеници на СПД за кои се вели дека тие не веруваат во можноста сегашниот партиски лидер да успее на изборите, сметајќи дека Писториус е подобар кандидат, па затоа тој треба да ја преземе водечката улога во кампањата.

Мнозинството од пратениците верува дека треба да има друг човек за иден канцелар, стравувајќи дека со Шолц како предводник на изборната кампања, партијата – која досега беше предвдник на на владината „семафор“ коалиција на фавруарските избори би можела да доживее катастрофа.

Писториус попoпуларен и кај умерената десница

Уште пред овој состанок, имаше повици Писториус, а не Шолц да ја презе контролата врз партијата, верувајќи дека сегашниот нинистер за одбрана – „може да внесе самодоверба во партиските редови и кај гласачите на СПД“.

Истражувањето што е направенио пред неколку денови покажува дека 39 отсто од германските гласачи верува дека Борис Писторус би требало да биде идниот канцелар на Германија, додека 25 отсто се определиле за лидерот на ЦДУ  Фридрих Мерц. Во Шолц и натаму веруваат 13 отсто од Германците.

Во истата анкета, 22 отсто од традиционалните гласачи на ЦДУ/ЦСУ го подржуваат Писториус. За Шолц е поразувачки тоа што го подржува само една третина од гласачите на СПД. 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе