Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Создавање криза за алиби

Создавање криза за алиби

Изминаа безмалку 150 денови од новата, саморекламирана, реформска влада на Северна Македонија, која требше да ги направи луѓето „одново горди“,  во државата која била “одново наша“. Но, пет месеци по изборите лугето нема со што да се гордеат. Наместо тоа, станаа свесни дека се жртва на една политичко-пропагандна измама на вмровските националисти.

Ниту станува збор за некаква „народна влада“ која уште веднаш ќе се фрли да работи за доброто на народот, ниту пак за било какви реформи. Останаа само фалбите на власта на билбордите по улиците за- „стоте проекти, за сто дена“-  лажни приказни во кои не веруваат ни вмровците.

Заборавени ветувања

Наместо грижата за  стандардот на народот,  лугето се соочени со дивеењето на цените, додека власта води грижа да ги задоволи само лакомите трговци и бизнисмени на кои (пред изборите) им има ветено ваква слободија. Не преземајќи ништо за ставање ред и контрола врз цените, што инаку го прават и развиените економии. 

Конечно, оваа влада, предводена од вмровско/бранковистичкиот блок, се откажа од досегашната политика за градење  раст на минималната плата ( како во земјите од нашето опкружување), а преку неа и за зголемување на просечната плата, за да може да се обезбедува постојано усогласување на пензиите.- како што тоа фунционираше со претходната влада.

Сега,  опозициските социјал-демократи единствени нудат брзо реформирање на системот на платите и пензиите- со зголемувањее на минималната плата и со нејзино приближување до државите од екс ЈУ, како и со укинувањето на ДДВ за прехранбените производи.

Опозицијата нуди реформа

Народната влада, народните министри и народнте пратеници, од власта, меѓутоа, ги одбија ваквите предлози, што опозицијата ќе ги понуди и во Парламентот, дискредитијаќи ги како наводна „пропагандна кампања“.

Наместо реформа во врска со платите и пензиите и со надградување на пензиите, власта смета дека српскиот модел- за купување на пензионерите, како гласачи- на два пати во период од шест месеци- до некое следно гласање на локални, или на парламентарни избори- е доволно од оваа   влада.

Европа, при тоа, е заборавена, како и европеизацијата ( која вмровците никогш не  ја сакале, а со сегашниот сојуз на груевистите и бранковистите , ниту ја имаат и ветено). Нема ништо од  соработката со соседите, а нема ниту некаква дипломатска активност. Дури ниту на  меѓународните конференции на кои ќе се најде како учесник и Северна Македонија.

Сто чекори назад

Се чека што ќе каже газдата во Будимпешта, што ќе рече Орбан, а тој продолжува да ја форсира само Србија во ЕУ и што ќе испазари Белград ( за себе), што овие во Скопје ќе го прифатат. Дури и ако е на штета на Северна Македонија, како Коридорот 8,  само затоа што на времето било испазарено од „мангупската тројка“ -Орбан, Аца и Грујо.

Откако и тројцата добија “по прстите“ од ЕУ и од САД, посебно болно беше  за актуелната влада во Скопје, која мораше да се врати 100 чекори назад од она што „комитски- борбено, во трамповски стил се ветуваше, оваа тројка сега спасението го очекува во новиот претседател на Америка.

Веројатно чекаат да ги остави да си прават што сакаат во своите „феуди“, заборавајќи дека тие се во Европа, а ЕУ баш нема да сака да се претвори во феуд на една трампова Америка.

Националистички тензии

Притоа, овие овдешниве, додека ќе чекаат некој да им каже каде да тргнат, за замајување на јавноста и за покривање на своето неуспевање да го исполнат вететеното, ќе билдата криза во државата и тоа во меѓунационалните односи.

За заплашување на оние кои слепо  им веруваат на вмровците, како и за подигнување на националистичката тензија- како во македонскиот, така и во албанскиот табор.

Работите на овој план почнаа набрзо, откако стана јасно дека нема ништо од „враќањето на гордоста“ и од ревизија на договорот со соседна Бугарија. Премиерот почна да ја плаши јавноста дека – „некои сакаат да ја дестабилизираат земјата“.

Во вмровската, националистичка свест, тоа значи дека „Албанците ќе креваат глава“, односно дека зад таквата „закана“ стои ДУИ кои  тогаш беа за отстрел кај  вмровците.

Но откако стана јасно дека се спрема “метла“ за  маргиналната албанска партија Вреди, и за враќање на дружбата со Али Ахмети, неговите наеднаш веќе не се криминалци, требаше да се најде нова закачка.

Археологија врз национална основа

Гладниот за власт доктор од Гостивар, како сега да почнува да покажува заби. Наместо за ЕУ и за Европа и за тоа дека владата има рок од 100 дена за отворање на дијалогот со Брисел, почна да зборува за „албанската кауза“ и за тоа дека таа мора да биде заштитена.

Па се најде „куршум за потпретседателот на владата (Албанец) и закана за ликвидација. Потоа стана јасно дека ќе морало да има посебна академија на науки- само за  македонските Албанци- а и тоа дека при секое археолошко ископување ќе мора да има и албанска „посада“- за да не се случувало „ископина која и припаѓала на албанската историја- да ја присвојуваат Македонците“.

Јасно, затоа,  треба да биде дека во време на меѓунационална „криза“- нема ни место, а ни време за занимавање со реформи и стандард за гласачите, за ЕУ и за уредување на односите со соседите. Наместо тоа, сега е време за пропаганда, за залажување на наивните македонски гласачи- да не бараат преку леб-погача.

Заборавија на државата и јазикот

Затоа, власта , со луѓе од двата националистички табори, ќе смислува кризи, меѓунационални кавги, ќе измислува афери и ќе и праќа заканувачки пораки за опозицијата- со апсење.

Кај сите десничари и популисти , некој мора да биде виновен, па затоа и една таква опција, од страна на една ваква власт, каква што е актуелната, мора да се има во предвид. На неспособните и лакоми за позиција и за власт, какво што е присобраното друштво на албански патриоти и на „големи Македонци“, им е потребен изговор за неуспесите.

Ако беа вистински патриоти, немаше после пет месеци да произведуваат криза само за да се правдаат пред гласачите. Доколку вмровците беа искрено предадени на државната и на националната кауза- немаше да „заборават“- посебно да ја одбележат 8о годишнината од државноста на Македонија.

А немаше да „заборават“ и на осумте децении од излегувањето на првиот весник на македонски јазик кој го носи името на државата, за кое и тие и оние кои повремено стануваат националисти, наводно, се борат.

(Спектатор)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе