Русите ја исмеаја Меланија Трамп
Необична „честитка“ од Русија има добиено Меланија Трамп за нејзиното враќање во Белата куќа, откако руската државна телевизија , во својот ударен, вечерен термин , емитуваше специјален прилог за старо-новата прва дама на САД- исмејувајќи ја како поранешен фото-модел која мошне богато се омажила.
Портретирајќи ја Меланија, инаку родена Словенка, руската телевизија пласираше на десетици разголени фотографии на сопругата на новоизбраниот американски претседател, од времето кога таа работела како фото модел во Европа. пред да се префрли во Америка.
Разголени фотографии на првата дама
Во Њујорк таа го има запзнаено веќе тогаш богатиот Доналд Трамп, за кого се има омажено во 2005 година- како негова трета сопруга. Тоа е времето кога сопругот Трамп го интересираат само парите и голфот и кога е донатор и гласач за Демократската партија.
Портретот за Меланија е прикажан во рамките на популарната и гледана руска програма- „60 Минути“- која овој пат била посветена на реизборот на Трамп како републикански, десничарски определен претседател на САД.
Руската публика, притоа, можела да ја види „солидно разголена и од сите страни“ неговата сопруга, новата американска прва дама, вклучувајќи го и фотките што на времето ги има објавено списанието „GQ“ .
Американските аналитичари на руските медиуми , откриваат дека водителот и водителката со нескриена насмевка го следеле портретот за Меланија, коментирајќи ги бројните разголеми фотографии. Сите од времето пред таа да стане госпоѓа Трамп.
„Уредниците знаеле за иднината на моделот“
Впечаток е дека целта на емисијата не била толку за да се зборува и да се прикажува Трамп ( Русите многу добро го знаат уште пред да биде прв пат избран во 2016 година), колку за да се отслика- која е и каква е првата дама.
„Сега кога мажот на Меланија Трамп , конечно, победи таа се подготвува- по втор пат- да се врати во Белата куќа. Но, вака изгледаше Меланија во 2000-та година, сликајќи се разголена на страниците на „GQ“. А, и легната разголена на син тепих со државниот грб на САД-( каков има во Овалната канцеларија во Белата куќа). Изгледа дека уредниците на весниците за мажи знаеле нешто за иднината на својот фото-модел“- забележал цинично водителот на програмата на руската телевизија.
И мајката на трите деца на сега избраниот претседател- Чехињата Ивана Трамп, беше фото модел и манекенка, пред да се омажи за Доналд Трамп.