Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Бугарските националисти против Џон Малкович

Бугарските националисти против Џон Малкович

Бугарските националисти и тамошниот Сојуз на писателите, што очигледно е под нивна контрола, го осудија познатиот актер и режисер Џон Малкович за „навреда и за понижување“ на Бугарија и на Бугарите, затоа што во Софија  ја поставува претставата „Оружје и човек“, на нобеловецот Џорџ Бернард Шо.

Станува збор за претстава која е стара повеќе од 120 години, напишана е од ирски писател, која поради тоа никако не може да биде ниту закана за бугарската национална гордост, како што тврдат денешните софиски националисти од вмровско-взражденскиот блок и од едно писателско здружение, а ниту навреда за Бугарите.

„Повреда на бугарската гордост“

Но, писателското здружение го има оквалификувано делото како „антибугарско“ , па го обвинува Малкович кој последниве години често има режирано претстави на бугарските сцени, дека со една ваква претстава ја „повредил гордоста“ на нацијата.

Режисерот Малкович ги отфрла осудите од Сојузот на писателите  како- „ни малку интелигентна идеја“, обвинувајќи го писателското здружение дека под контролата на партијата на власт -во времето на комунизмот -го има казнето со исклучување тогашниот најпознат бугарски дисидент.

Националистичките организации, пак, кои се познати  во земјата по своите протести против мигрантите , родовата еднаквост и против подршката на Украинците по руската инвазија, сега најавуваат дека ќе протестираат против претставата и против  Малкович, затоа што со неа се „исмејувал бугарскиот народ и неговата војска“.

Антивоена и антиромантична комедија

„Оружје и човек“ се случува во време на бугарско-српската војна во 1885 година, по обединувањето на Бугарија, во еден мал град, а критичарите ја опишуваат како антивоена, но и антиромантична комедија.

За националистите , меѓутоа, станува збор за „исмевање на бугарските воени подвизи“, при што војниците биле прикажани како пијаници , а народот како неписмен и примитивен.

Правењето инцидент со Џон Малкович доаѓа во време кога Бугарија однови трага по создавањето политичка влада за излез од кризата, после седум предвремени избори, едни по други.

Но, и во услови на силен притисок на бугарската крајна десница и на националистите, како и на засилено мешање од страна на Русија, пропагирајќи против западните, демократски и либерални вредности.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе