Принцот остана без апанажа
Британскиот принц Ендрју, остана без апанажата која ја добиваше досега, како војвода од Јорк и член на кралското семејство, откако неговиот брат, кралот Чарлс одлучи да го запре плаќањето на трошоците на принцот, обезбедувањето и оджувањето на неговата вила со 30 соби во Виндзор.
Деталите за ваквата одлука на кралот – да го казни својот брат, инаку вториот син на починатата кралица Елизабета- ги открива проконзервативниот и ројалистички весник „Дејли Меил“ кој пренесува делови од биографијата на Чарлс, што треба да се појави за некој ден во лондонските книжарници.
Бакингамската палата одбила да ги коментира наодите во книгата, а принцот Ендрју кој веќе нема свој портпарол, нема реагирано дека остала без изворот за финансирање.
Финансискиот притисок и практично- казнувањето на принцот- доаѓа откако се појавија дури два филма – на Нетфликс и на Амазон- за интервјуто на Ендрју за Би-Би-Си во 2019 година. Во него, тој (за прв пат) мораше да зборува за својата врска со сексуалниот престапник, милионерот Џефри Епстајн, кој пред судењето во Њујорк, се самоуби во затворската ќелија.
Веднаш по провалувањето на аферата во која британскиот принц беше обвинуван дека имал сексуална врска со 17 годишна девојка, која му била наместена од Епстајн, Ендрју по налог на неговата мајка,тогаш се уште на престолот, остана без воените чинови, како и без сите кралски овластувања и привилегии и се повлече на имотот во Виндзор.
Не присуствуваше дури и на венчавката на својата најстара ќерка.