Џејми Оливер во потрага по украдениот чедар
Познатиот и популарен британски кувар Џејми Оливер упати апел до сите љубители на квалитетното англиско и велшко сирење- чедар- да и помогнат на полицијата, која има покрената истрага против крадците кои од една млекарница украле 22 тони од ова најпознато сирење од Британија.
Измама за 22 тони сирење
Дистрибутерот и продавач на британскиот чедар „Нилс Јард Дери“ од Лондон, му има испорачено големо количество од ова наградувано , најквалитетно сирење, на купувач кој се има претставено како трговец на големо и како дистрибутер за француски синџир на мали продавници, специјализирани за сирење и за млечни производи.
Лондонската компанија, меѓутоа, набргу има откриено дека е жртва на една голема и скапа измама. Според весникот „Гардијан“ вредноста на украдените 22 тони чедар изнесува над 300 илјади фунти, односно околу 350 илјади евра.
Гневен од она што се случило Џејми Оливер, кој и самиот користи чедар во низа свои кулинарски рецепти, се одлучи да и помага на полицијата со јавен повик до потрошувачите и до трговците, за да се вклучат во потрагата.
„Ова е шокантен грабеж“
„Ова е крајно дрзок грабеж со шокантни размери“ има речено Оливер во својот јавен апел, барајќи лугето да реагираат ако некој им продава чедар како оној што е украден.
Тој верува дека лугето кои консумираат чедар ќе можат да препознаат, затоа што меѓу украдените производи се и и највалитетните марки, како органскиот чедар „Хафорд Велш“, како и сирењето „Весткомб“ и „Пичфорд“ кои се означуваат како најпознатите и најбараните видови чедар во Британија.
Тие се продаваат во пакување од 250 и 300 грама, по цена од осум и 13 фунти.