Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Владата против зголемување на минималецот

Владата против зголемување на минималецот

Владата на Северна Македонија е против зголемувањето на минималната плата во државата, иако таа и натаму е најниска во регионот на Западен Балкан.

За вмровско-бранковистичката влада, излегува дека не се важни мислењата и барањата на синдикатот, ниту пак мислењата и препораките на експертите за тоа дека РСМ мора сериозно да се позанимава со корекции кај просечниот минималец.

Атрактивно и во регионот

Пред се, затоа што токму тоа е важно за нејзината иднина- за тоа дали државата (навистина) сака да ги задржи дома младите и квалификуваните кадри.

Односно, дали искрено го сака она што како пропаганда и низ печатењето билборди по улиците, им го продава на домашната  јавност и на  (за многу работи), измамените гласачи кои поверуваа дека оваа власт ќе го зголемела стандардот на луѓето, како и тоа дека нема да дозволела одлив на кадрите во странство.

А, сега, не само младите, туку и високобразуваните стручњаци веќе не заминуваат за повисоки плата и зголемен стандард само на Западот, во земјите на ЕУ, туку и во државите од регионот. Пред се, во Словенија и Хрватска кои и двете се членки на Унијата, туку и во една Црна Гора . Исто така поранешна Ју република, која во минатото, секогаш, беше зад Македонија. но сега нуди повисоки плати од оне во РСМ.

Закана од „бегалска криза“

Според експерти државата, односно актуелната влада, мора итно да се зафати со зголемување на минималната плата ( преку која ќе нараснат  платите, а од тоа, според системот на усогласување и пензиите).

Во спротивно, земјата ќе се соочи со масовна „бегалска криза“ на работници и на образовани и квалификувани луѓе кои ке одат таму каде се нудат подобри услови.

Лугето ќе заминуваат од Северна Македонија, затоа што владата на која и верувале, па и дале мандат за подобрување на животот, не сака зголемување на минималецот, или пак не знае како да го уреди системот на платите, или – не може да  прави корекција на минималната плата, како што тоа го прават сите околу РСМ.

Иако владата, само што ја презеде власта, ја задолжи државата  со половина милијарда евра нов заем , што сите ќе ги отплаќаат. Тие пари меѓутоа, –  веќе сега се гледа – на вмровците и нивното друштво не им се за градење повисок стандард за луѓето, туку само за партиски потреби- за пропаганда и купување на гласачи.

Ниту горди, а ниту среќни

Домашни аналитичари забележуваат дека таквото однесување , во секој случај, е поголемо предавство кон државата и народот, од правењето меѓудржавни договори со соседите за да се отвори патот кон Европа и за да се надминат стари историски спорови кои и Скопје сакаше да ги држи отворени.

Таквото владино однесување,  не ги прави лугето во државата да се чувствуваат „горди“. Уште помалку задоволни и среќни што (наводно)  си ја „вратиле назад државата“, од која потоа побегнале и продолжуваат да бегаат, затоа што  актуелната власт, не се интересира да им го зголеми стандардот.

Ваквото однесување на владата  не е изненадување, кога се има во предвид болниот инает на премиерот, неговата опседнатост да биде еднаков со својот избеган ментор во Будимпешта кој му ја води владата , а кој остана запаметен по тоа што во негово време македонските плати и пензии беа- срамотно ниски.

Опозицијата предлага 450 евра

Но, над се, станува збор за убедувањето на премиерот дека ако луѓето сакаат повисока плата, треба повеќе да работат, дури и дополнително ако треба, така како што тој има работено- додека студирал- одејќи дури во Италија како гастарбајтер преку летните месеци.

Наместо ваквите будалести и неодговорни изјави, експерти инсистираат на потребата македонската минимална  плата да стане конкурентна, што ќе рече забрзано да се зголемува.

Минималецот сега изнесува 367 евра, со што Северна Македонија е на последното место во регионот на Западен Балкан.

Социјалдемократската оппзиција, затоа, предлага зголемување на минималната плата на 450 евра, што како свој предлог- закон му го понуди на Парламентот на усвојување.

Владиното мнозинство е против

Но, парламентарното мнозинство кое во основа делува како „рогови во вреќа“, околу ова  брзо се усогласи, па и порачаа на опозицијата дека не се согласуваат со предлогот и дека ќе гласаат против.

Згора на тоа, ги обвинуваат социјалдемократите  дека биле „несериозни“ со предлогот за зголемување на минималецот во државата.

Така, на пример,  не мислат и не реагираат во Хрватска, каде владата најави зголемување на минималната плата. Ниту, пак,  во Црна Гора која со новиот зголемен  минималец ќе ја надмине и Србија, а вака не реагираат  ниту владите во Албанија , или во Грција, или во Бугарија.

Таму власта и опозицијата е согласна кога станува збор за подобрување на стадардот на граѓаните, затоа што од сите овие земји одколу РСМ, има одлив на населението кон побогатиот Запад.

Во Северна Македонија, меѓутоа,  нема таква , загрижена влада за иднината на државата и за лугето во неа. Вмровците и нивното шарено друштво повеќе се опседнати со себе и со својата власт, – со партизацијата во сите сектори, со купувањето на оние кои останаа некупени.

Молк на измамената јавност

Владата во која прв пат се поврзаа во сојуз -груевизмот и бранковизмо- на народот  му зборува дека за „100 денови понудиле цели 100 проекти“ , па дека затоа таква влада немало досега.

Излегува така дека владата, на инаку видливо некадарниот премиер, создава чуда што сега ги има само на бројните билборди. За сите од власта, тоа- „до даљњег“ е најважното.

Лугето , пак, кој го донесоа на власт, се прават како да не гледаат дека се е поскапено и продолжува да поскапува во овие 100 денови. Веројатно не сакајќи да признаат дека се измамени и насанкани од грдата и фалшива пропаганда, па затоа молчат- и за платите и за пензиите.

Владата зборува дека спровела некакво намалување на цените, но во основа- потрошувачката корпа  изнесува 61.250 денари и  е намалена во споредба со септември,  за смешни 57 денари. Тоа, меѓутоа, го нема на пропагандните билборд пораки.

(О.У.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе