Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина непријателот на Ердоган

Почина непријателот на Ердоган

Турскиот муслимански проповедник и популарен верски лидер Фетулах Ѓулен, починал во Америка, каде долги години живееше во самонаметнато прогонство. Имаше 83 години.

Според турските медиуми кои ја донесуваат оваа вест, Ѓулен починал во болница, каде извесно време бил на лекување. Засега не се наведуваат причините за смрта на проповедникот.

Популарен во турската јавност

Фетулах Ѓулен кој беше мошне популарен и ценет кај не мал дел од турската јавност, има изградено силно и влијателно исламско движење, кое се има раширено и надвор од Турција, во земјите  каде има турско малцинство, против кое со години на ред војува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој и неговата авторитарна власт ги има прогласено проповедникот и неговото движење, како и неговите следбеници и подржувачи, во неприатели на Турција, настојувајќи притоа да ги прикаже и како (наводно) – најголемата закана ( заедно со Курдите) за земјата и нејзината безбедност.

Користејќи ги, на тој начин- како и сите деспоти во регионот и низ светот- за изговор пред јавноста. За тоа дека постои  „закана од непријателите“ – само за да се  оправда личната власт на Ердоган,  популизмот  и непотизмот кои ги користи, како и за задушувањето на вистинската демократија во земјата и човековите слободи.

Неуспешне пуч против режимот

Врв на наметнатата војна на Ердоган, со Ѓулен , беше обвинувањето од страна на власта дека проповедникот и неговите следбеници- во турската армија- се  иницијатори и извршители на државниот удар против семоќниот претседател, во 2016 година.

Ѓулен категорично ги отфрлаше ваквите обвинувања, како измислени и политичи и како одмазнички мотивирани, но во Турција, Ердоган го искористи неуспешниот пуч, за да конечна се пресмета со „гуленистите“ во армиските редови.

Уследи брутална одмазда на режимот против сите генерали и адмирали во армијата, за кои се сомневаше дека се блиски до идеите на Ѓулен, кои беа  замени со луѓе лојални на режимот, на АК партијата и на Ердоган.

Анкара го предупредува Скопје 

Сега уште повеќе од порано, користејќи го како изговор пучот против неговиот личен режим, турскиот претседател ги прогонуваше „сомнителните “ Турци во странство, дека наводно  биле дел од пучистите.

Барајќи притоа,  од странски влади да ги екстрадираат во Турција „сите сомнителни“, за да им се суди и  да се укинат нивните гласила и организации, тврдејќи  дека сите кои го критикуваат режимот, всушност, се „ѓуленисти“.

Во таа низа земји врз кои Анкара вршеше притисок, во 2019 година се најде и Северна Македонија од чии власти се бараша да преземат „кривични мерки“ против сите лица поврзани со организацијата „Фето“, која турските власти ја имаат прогласено за „терористичка„.

Таквото барање на прес конференција во Скопје го обелодени турскиот министер за одбрана кој беше во посета на Северна Македонија.

Соработниците станаа непријатели

Министерот тогаш обелодени дека турските тајни служби имаат сознанија дека организацијата „Фето“ е дел од мрежата на проповедникот , порачувајќи дека дејствувањето на оваа група и на Фетулах, на македонска територија им наштетува на односите меѓу двете земји.

Но, во минатото, Ѓулен беше близок сојузник на Ердоган, дури некoи сметаат и дека бил негов политички ментор, на почетокот од неговата кариера, како  градоначалник на Истанбул.

Подоцна, меѓутоа, тие двајцата се имаат разидено, со еден спактакуларен раскид на односите, по што во 1999 година моќниот и влијателен проповедник ја напушта Турција и се населува во САД, во самоопределен егзил.

Ердоган во 2016 година го прогласи за „пучист“ без некои валидни докази, а војниците и нивните старешини кои ги покренаа авионите, хеликоптерите и тенковите, за да го соборат режимот, беа сурово казнети. Над 250 лица беа убиени, а други ликвидирани во неуспешниот пуч.

Во 2017 година Турција му го има одземено државјанството на Фетулах Ѓулен.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе