Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Aлбанија по патот кон Европа

Aлбанија по патот кон Европа

Република Албанија ги започна преговорите за полноправно членство и за влез во ЕУ, откако на првата меѓувладина конференција  во Луксембург го отвори првиот преговарачки кластер- за основните права.

На тој начин, оваа балканска земја, која пред 25 годни беше на работ од целосен распад, четврт век подоцна, сега целосно стабилизирана и формално го започна процесот за целосно интегрирање во Европската Унија.

Влијание на агресијата врз Украина

Првиот кластер ги покрива правосудството и основните права, потоа правдата, слободата и безбедноста, како и јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор.

Овој кластер е услов за да се отвораат сите други кластери, а од брзината со која земјата кандидат ( во случајов Албанија) ќе ги исполнува условите кои ги бара овој кластер, зависи вкупното темпо на преговарачкиот процес.

Во првата изјава на премиерот Еди Рама се вели дека целиот процес за забрзано вклучување на Западен Балкан во ЕУ  се должи и на дејствувањето на Путин и на руската агресија врз Украина.

Тоа како да ја разбуди Европа и ја натераа да  прифати дека регионот и е потребен. Исто толку колку што ЕУ му е потребна на Западен Балкан.

Десет години земја кандидат

Албанија статусот земја-кандидат го има стекнато пред десет години, во 2014, многу подоцна од Северна Македонија, која беше 30 години заглавена во спор со Грција околу користењето на името Македонија. Иако, со малку вистински патриотизам на владите во Скопје, како и спремност за правење компромис, тоа можеше да се разреши многу порано.

Тирана и Скопје беа определени од ЕУ заеднички да чекорат кон започнувањето на преговорите за влез во ЕУ.

Но,  Брисел се определи да ги раздели, а  на тој пат кон Унијата прва и сама да тргне Албанија, која на тој начин успеа да ја престигне Северна Македонија.

Причината за тоа е во национализмот и инаетот на вмровската опозиција- до парламентарните избори во мај годинава, а потоа и како актуелна власт- која тврдоглаво одбива да ја исполни уставната реформа, која ја има договорено и прифатено со ЕУ ,  претходната влада во Скопје, која  го разрши и  спорот со соседна Грција.

Блокадата  е од власта во Скопје

Таа не успеа во Парламентот да обезбеди двотретинска подршка за уставната реформа , поради блокадата на „груевистите“ и на валканата игра на „бранковистите“ – лојални на екс лидерот на социјалдемократите (Бранко Црвенковски) – поранешен премиер и претседател-  кој покажа дека на стари години сака да изигрува некаков комита, наместо да биде вистински патриот и визионер.

Како и да е, претходната влада не успеа да најде подршка за европската иднина на државата и на сите нејзини граѓани, па ги загуби изборите, уште оквалификувана како „антимакедонска и предавничка“ како „заробеник“ на албанските партии и како премногу компромисерска.

Во исто време, се рашири приказната дека европскиот пат на РСМ е блокиран од Бугарија, иако веќе две години се знае дека Скопје треба да ја реализира одлуката на Европскиот совет на ЕУ- за внесување на постоечкото бугарско малцинство во Северна Македонија, во преамбулата на македонскиот Устав. Исто онака како што се наведени сите други етнички заедници кои живеат на македонско тло.

Уставната реформа мора да се спроведе

Станува збор за компромисно (француско) решение за да се тргне бугарското вето и барањето на Софија- историските прашања да бидат дел од преговарачкиот процес. Тоа Брисел го отрфрли, па го понуди и го определи овој компромис, како последен, но и како обврзувачки за Скопје.

За него се согласија сите во ЕУ- вклучувајќи ги и Бугарија и орбанова Унгарија- новиот стратешки партнер на сегашната  влада. Не е затоа точно дека бугарската блокада не го дозволи стартот на преговорите со РСМ, заедно со Албанија, бидејќио компромисот со уставната реформа значи елиминирање на поранешната блокада,

Наместо спроведување на она што е спогодба, зад која се и ЕУ и САД, актуелната вмровска, популистичка влада го одбива договорот на претходната  и бара некакви нови преговори, нудејќи (несериозно) свој „Б-план„ на францускиит , како и „специјални гаранции“ и конечно, нова влада во Софија.

Згора на се, во нешто каде не му е место,  се замеша Виктор Орбан , веќе означен како „злото на Европа“,  кој со вмровците се има спогодено да биде некаков посредник во „нови преговори“ на Скопје и Софија.

Тирана нема „план Б“ за ЕУ

Додека во Северна Македонија  се изведуваат вакви непристојни (во дипломатијата) работи за една сериозна држава, која презела меѓународни обврски, што сега мора да ги спроведе- сите во свој интерес- Албанија со Еди Рама веќе е означена од европските дипломати како земја- кандидат која има направено најголем напредок кон ЕУ, заедно со Црна Гора.

Владата во Тирана се оквалификува како максимално кооперативна во пред преговарачкиот процес, спремна да ги спроведе сите договорени барања и за правање компромиси, таму каде е потребно.

Таа успеа да  се спогоди со Италија за прифаќање на азиланти кои се на италијанско тло (додека им трае постапката) и да го надмине спорот со Грција, околу осудувањето на еден припадник на грчкото малцинство во Албанија, осомничен за купување изборни гласови.

Еди Рама и Албанија, според мислење на Брисел, се разликуваат од другите во Западен Балкан, по тоа што во Тирана нема никаков „План Б“ кога станува збор за ЕУ и Европа, а во земјата има  партиско единство околу европската иднина на државата.

(Б.Б.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе