Поврзете се со нас

Skopje Global

ballet, dancers, foot

Екстра Глобал

Русија: Балерина осудена за предавство

Русија: Балерина осудена за предавство

Руската балерина Ксенија Карелина е осудена од еден суд во Русија на 12 години затвор – за предавство.

Нејзиното осудување и високата казна се оценуваат како „вистинско лудило на режимот“ и како бесмисленост на целиот руски правен систем, затоа што оваа млада жена се казнува бидејќи  има уплатено 51 долар и 80 центи,  како помош, на сметката на едно хуманитарно здружение кое им помага на Украинците, погодени од војната.

Карелина е Русинка и е руски државјанин, но таа е и државјанка и на САД и поседува американски пасош. Од 2021 година  живее и работи во Лос Анџелес.

Медиумите откриваат дека балерината била уапсена во градот Екатеринбург, во јануари 2023 година, додека престојувала кај своите родители за прославување на православниот Божик.

Во текот на судењето таа го признала своето „предавство“ кон руската држава, признавајќи дека навистина ја има уплатено оваа мала сума пари, за помош на украинските цивили.

Обвинителството барало Карелина да биде строго казнета, па првично била барана затворска казна од 15 години, која судијата ја има преиначено во 12 години , што балерината сега треба да ги помине во некој од руските казнени логори.

Случајот на оваа американска Русинка, е уште еден доказ дека рускиот режим се свртува кон користењето на иранскиот „модел“ за пресметка со неистомислениците. Посебно кон оние кои имаат двојно државјанство, за да потоа се пазари со властите на земјите чие второ државјанство поседуваат.

За ова зборуваше и неодамна ослободениот од затвор- при историската размена на затвореници-руски дисидент Илја Јашин.

Тој призна дека не сакал да го ослободат на овој начин, затоа што тоа и натаму ќе го тера Владимир Путин да апси и суди невини лица- за да потоа ги разменува за упасени ( на Западот)  убијци и шпиони.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе