Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Невозможна мисија„ за крај на Олимпијадата

„Невозможна мисија„ за крај на Олимпијадата

Во Париз се затворени 33 Олимписки игри- спектакуларно, како што беа и отворени.

Церемонијата траеше три часа и (веројатно) нема да биде причина за лажно религиозното и конзервативно- десничарење на дежурните критизери на сценариото – како што тоа се случуваше по отворањето на Игрите.

Најоригинални Олимписки игри

Во секој случај,  и затворањето на париската Олимпијада покажа дека ова беа можеби најдобро организираните, а  во секој случај – најоригиналните  церемонии на отворањето и затворањето, што се видени досега.

Се она што според протоколот  треба да се случува се случи- кога се затвораат едни Олимписки игри, но Французите го направија тоа- одново на свој начин.

Од парадата на спортистите, преку забавата и грандиозната „журка“ , до предавањето на знамето на олимпизмот- на следниот домаќин- Лос Анџелес и гаснењето на олимпискиот оган.

А, во францускиот модел, тоа изгледаше и оригинално и спетакуларно.

Том Круз во главна улога

Ако олимпискиот оган се запали во вид на  огромен балон, се угаси на наједноставниот начин- со дување во огнот, сведен на обична рачна светилка.

Ако традиционалното предавање на знамето на следниот домаќин на Игрите во 2028 година, е веќе видена работа, Французите, заедно со Американците, од тоа направија вистинска „Невозможна мисија“.

Главниот јунак во спектаклот беше холивидската ѕвезда Том Круз.

Тој се фрли од кровот на стадионот „Стад де Франс“ , дотрча до градоначалничката на Лос Анџелес која веќе го имаше примено знамето, го зеде од неа, се качи на моторцикл, возејќи низ Париз, влезе во еден воен транспортер  на парискиот аеродром и го однесе олимпиското знаме во Америка- во стилот на серијата негови филмови, што му донесоа светска популарност.

САД најуспешни во Париз

Таму, во утринска журка, на плажа, беше поздравено враќањето на Олимпијадата во Лос Анџелес- по трет пат. Знамето го пречека легендарната олимписка ѕвезда Мајкл Џонсон, а го поздравија  „Ред Хот Чили Пеперс“, Били Ајриш, како и Снупи Дог и Др. Дре.

За прв пат- се случи едно вакво  префрлање на Олимпијадата кај идниот домаќин- „Au revoir Paris- Hallo Los Angeles“.

Во спортскиот дел- САД се далеку најуспешната спортска нација- освојувајќи 126 медали, од кои 40 златни.

НР Кина е втора, со 91 освоени медали, трета е Јапонија, со 45, четврта е Австралија со 53, но со две златни одличја помалку од Јапонците. На петата позиција овој пат се домаќините- Франција , што е нивно големо постигнување, после низа години стагнација.

Вкупно 84 држави, од 205 колку учествуваа , освоија медал.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе