Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нобеловец – привремен премиер

Нобеловец – привремен премиер

Бангладеш е првата земја во светот која за (привремен) премиер постави еден добитник на Нобеловата награда. Станува збор за Мухамад Јунус кој  во четвртокот беше именуван за премиер на преодната влада, до новите, предвремемни парламентарни  избори.

На функцијата  беше поставен три дена, после бурните случувања во оваа азиска, муслиманска земја , предизвикани од крвавата пресметка на специјалните полициски сили со демонстрантите- студенти, во кои беа убиени над 350 лица.

Оставка и бегство на премиерката

Откако демонстрантие успеаја да се приближат до премиерската резиденција, долгогодишната премиерка Шеик Хасина (77), прво поднесе оставка , а веднаш по тоа, со воен хеликоптер побегна од земјата.

Јунус кој има 85 години, за привремен претседател на владата го имаат предложено студентите кои подолго време протестираа против режимот на Хасина. Во главниот град на Бангладеш- Дака  пристигна од Париз, каде подолго време е на лекување.

Во првата изјава на аеродромот тој има речено дека – „земјата има можност да стане убава држава“- додавајќи притоа дека „било каков пат за натамошниот  развој да предложат студентите, ние ќе го следиме“.

Нобеловецот Јунус има мандат да ги организира изборите во оваа земја во Јужна Азија, во која живеат 170 милиони жители.

Квота за вработување во државна служба

Студентските протести кои ја соборија од власт Хасина избувнаа по нивното незадоволство од (одново) воведената квота  за работни места кои ги одредува владата.

.Демонстрациите почнаа во текот на јули, но откако демонстрантите се соочија со бруталната репресија на власта и на полициските сили, протестита добија на масовност, а станаа и политички – насочени против режимот на Хасина.

Особено, против силната политичка репресија и тешката економска криза  во која подолго време се наоѓа Бангладеш.

Мухамад Јунус кој е еден од најпознатите тамошни економисти и поранешен банкар,   доби Нобелова награда за мир во 2006 година , за создавањето на концептот на микро-кредити.

Кредити за сиромашните

Станува збор за можноста за отворање кредитни линии за сиромашното население во земјата, односно за оние кои не ги исполнуваат банкарските услови за добивање класичен кредит.

За него се знае дека е долгогодишен политички противник на Хасина , за која се тврди дека сега се наоѓа во индиската провинција Западен Бенгал, блису до границата.

Избеганата доскорешна премиерка го нарекувала нобеловецот- крвопиец- затоа што (наводно) како банкар користел сила за наплата на долговите од луѓето  по селата, посебно од жените.

Но, тоа обвинување никогаш не е докажано, иако бил условно осуден на шест месеци затвор.

Систем за партиско вработување

По бегството на омразената премиерка, ситуацијата во земјата полека се смирува, а студентите, нечекајќи на изборите и на новата, политичка влада, бараат веднаш да се укине контроверзната квота за државно вработување.

Според неа, 30 отсто од ваквите вработувања биле определени за членови на семејствата и на потомци на борците за ослободување на Бангладеш од Пакистан.

Сите членови и активисти на партијата Авами лига, која во 1971 година ја предводеше борбата за отцепување на дотогашен Источен Пакистан од западниот дел на државата, која дотогаш беше поделена на два дела- додека меѓу нов се наоѓаше  територијата на Индија.

Во практика, третина од државните вработувања беа определени за партиско вработување во владината администрација.

Четврти мандат за Хасина

Во 2018 година квотата беше делумно укината, но во јули оваа година одново беше воведена- со одлука на бангладешкиот Врховен суд, што ги покрена студентите на протести.

Во јануари оваа година, Хасина беше одново- по четврти пат, едно по друго- избрана за премиер. Но, тие избори опозицијата ги бојкотираше , а посматрачите ги оценија како недемократски и нефер.

Од локацијата каде се наоѓа избеганата премиерка, се има огласено нејзиниот син кој работел како политички советник на неговата мајка. Според него, семејството и Авами лигата – ќе продолжат да бидат ангажирани во политиката на Бангладеш.

(Д.Б.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе