Јашин не сакал на слобода
Рускиот активист за човекови права и за демократизација на Русија, Илја Јашин, не сакал да биде депортиран од земјата, туку сакал да се врати назад- во затворот во кој путиновиот режим го има сместено поради неговата (наводна) антидржавна активност.
Според турски медиуми, Јашин уште на аеродромот во Анкара, каде долета рускиот авион со 16 заменети затвореници- сите лажно обвинувани за шпионажа- и сместени во руските затвори- барал да биде вратен назад во Русија.
Подоцна, во Бон, во Германија, на прес конференција тој ја објаснувал својата постапка, уверувајќи дека – само додека бил во затвор можел да биде борец за една нова, демократска и либерална Русија.
„Од првиот ден зад решетки зборував дека не сакам да ме разменуваат. Сакам да живеам во својата земја и да се борам против војната„-има речено Јашин кој e продемократски активист уште од 2000-та година.
Според него- во замената, со ослободувањето на 16 сосема невини луѓе, беше ослободен еден ноторен убиец.
„Станува збор за една тешка дилема , затоа што размената, сега само ќе го потикне Владимир Путин да зема уште луѓе во заточеништво, за да потоа ги разменува за свои шпиони и убијци“ -смета Илја Јашин.
Неговата забелелешка се однесува за пуштањето од затвор на Вадим Красиков, агент на ФСБ (Федерална служба за безбедност) – екс КГБ.
Во Германија тој беше осуден на доживотен затвор за убиството на анти-путинов , чеченски активист, во еден парк во Берлин.
Така размислува и зборува Русинот Јашин. Доналд Трамп, меѓутоа, не и честита на својата, американска администрација за направената историска размена, туку честитка му има испратено на Путин.
Веројатно за ослободувањето на еден убиец со налог од руската држава.