„Шпиончињата“ не знаат руски
Двете деца на руските шпиони Артем и Ана Дајцеви, инаку брачна двојка, кои беа разменети со нивните родители , во размената на шпиони меѓу Русија и Западот, не знаат ниту еден руски збор.
Ќерката Софија (11) и синот Габриел (8) се родени во Аргентина, додека во оваа јужноамериканска земја требало да се изгради лажната слика дека станува збор за „мирно и обично семејство“.
За своето вистинско потекло и за потеклото на своите родители , дека не се Аргентинци, туку Руси, разбрале дури по пристигнувањето во Москва и средбата со Владимир Путин (на аеродром) , кога тој ги поздравил – на шпански- со едно „буенос ночес“.
Веста ја потврди и портпаролот на Крамљ кој признал дека децата не знаеле каде се наоѓаат и кој е човекот што ги поздравува.
„Тие не знаеја за Путин, ниту дека тој е претседател на Русија“- рекол Дмитри Песков.
Во Словенија, каде родителите Дајцеви беа уапсени за шпионажа, тие допатувале ( со децата) како аргентинско семејство. Со нив дома зборувале само на шпански, сокривајќи го од нив својот руски идентитет.
Морале да ги лажат сопствените деца за да не бидат откриени и за да не се провали нивната шпионска работа.
Децата (велат) и биле создадени за потребите на руската тајна служба ФСБ (екс КГБ) и нивната мисија. Се смета дека се создадени на барање на Москва, за да целосно се прикрие нивниот вистински, шпионски идентитет.
Во Аргентина биле познати како имигрантско семејство- Марија Мајер и нејзиниот сопруг Лудвиг Гиш. Во Словенја се населиле во 2022 година, а аргентинско државјанство примиле во 2017 година.