Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Олимписки спектакл на Сена во Париз

Олимписки спектакл на Сена во Париз

На десетина часови пред свеченото отворање на Олимписките игри, имаше координирана саботажа врз француските експресни возови (TGV) што предизвика нарушување на нивниот  возен ред.

Се смрачи небото над Париз и од почетококот на церемонијалот на отворањето, па се до пред неговиот крај, врнеше дожд. Во одредени периоди и со силен ветер.

Злобните англиски медиуми дури предвидуваа и некакви поплави,  забележувајќи  притоа дека францускиот глвен град е убав и кога врне. Што и покрај нескриениот цинизам , е точно.

Отворање на Игрите што не се заборава

А, претседателот Емануел Макрон, во духот на античкиот олимпизам, кога во време на игрите, посоветени на мирот меѓу луѓето од она време, се запирале сите војувања- од Владимир Путин има побарано прекин на војувањето (против Украина) – барем додека трае Олимпијадата.

Познавајќи го табиетот на новиот руски „цар“ , неговата омраза кон се што доаѓа  од ЕУ и од Западот и неговиот инает и желбата за одмаздување, никој не верува дека Путин ќе се вклопи во духот на олимпизмот.

Но, и покај се ова, Франција, Париз и третите Игри што се одржуваат во овој град, на светот му понудија и му оставија за паметење, еден досега невиден спектакл од церемонијата на свеченото отворање на 33-та Олимпијада на модерното време.

Олимпијатата Париз-2024, во секој случај, ќе остане во сеќавањата  како најоригиналната досега, затоа што  на секој чекор , зад секој  париски агол имаше нешто ново, оригинално и досега невидено.

Дефиле со бродови по реката

За прв пат Олимписките игри не се отворија на стадион, туку далеку од него- во самиот град, на бреговите на Сена кој тече низ Париз. На нејзините  мостови, претворени во гледалишта, на Трокадеро и во подножјето на Ајфеловта кула- симболот на францускиот главен град.

Организаторите на Олимпијадата, притоа,  ја покажаа сета своја храброст и одважност да се отргнат од над стовековната традиција за тоа како се отвараат Игрите.

Но, го покажаа и целото свое визионарство, годинешниве Олимписки игри, кои после рамно 100 години се вратија во Париз, во градот на Пјер де Кубертен, да бидат почеток на новото време и на новите предизвици што следат.

Париз како огромен стадион

Стотина најразлични речни бродови беа ангажирани за традиционалното (и веќе по малку  здодевно ) дефиле на  земјите учеснички, на кои  беа сите 10.500 спортисти-олимпијци , меѓу кои и оние од  олимпискиот состав на Република Северна Македонија.

Отпоздравувајќи им на – над 300 илјадната публика , сместена покрај Сена, како и на оние кои останати без влезници го следеа спектакот на стотината  големи екрани, поставени низ Париз,  и на оние 1,5 милијарда тв гледачи низ целиот свет.

Притоа, не беше запоставена вообичаено, специјално уредената програма, во која домаќините и Париз ги истакнуваа своите обележја и знаменитости по кои е познат овој град- во минатото и во сегашноста.

Кабареата и забавата, по музиката и модата, по бурната историја и минатото, од кое трајно е оставена пораката за- слободата, за братството и  еднаквоста.

Во духот на олимпизмот

Сето тоа зачинето и со специјалните гости од странство, врзувајќи ја на тој начин програмата и за олимпискиот дух и за духот на европското единство и за тоа дека Париз бил и останува отворен град. Исто онака како што во светот  е познат и како „градот на светлината“.

Конечно, онака како што заочна и траеше, спектаклот на отворањето на Игрите, така и заврши- со досега невиденото палење на олимпискиот оган.

Последните носители го донесоа олимпискиот факел до еден огромен балон- како оние кои во дамнешни времиња се користеле- и го запалија неговото подножје.

Балонот- олимписки оган

А, таквиот балон полека се подигна и остана на една висина, кај плоштадот Конкорд – за да ја осветли Олимпијадата и за да го означи почетокот на годинешниве Олимписки игри.

Над стотина странски делегации- кралеви, претседатели и премиери и министри се најдоа како гости на Макрон и на Игрите. Покана имало и за претседателката на Северна Македонија, но таа избега од ваквото среќавање со Европа и со светот, неприфаќајки ја поканата на францускиот претседател.

Во скандалозно започнување на мандатот на новата власт,  вмровците ова го означуваат како „шамарчина“ за ЕУ и Франција и како „патриотизам“. Во основа  значи само  уривање на угледот и престижот на државата.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе