Бразил : Ајкули позитивни на кокаин
Тестовите направени врз ајкули кои се во морската вода, наспроти Рио де Жанеиро, покажале дека сите биле позитивни на кокаин.
Експертите се загрижени за тоа какво влијание дрогата може да има врз мозокот на ајкулите и за тоа дали кокаинот го менува нивното расположение.
Морски биолози напрвиле тестови врз 13 ајкули и откриле дека сите имаат високо ниво на кокаин во мускулите и во црниот дроб на животните.
Открена е концентрација на оваа дрога до над 100 пати повисока од онаа која била порано откриена кај другите морски животни.
Се верува дека кокаинот кај ајкулите (најверојатно) потекнува од отпадните води од бројните илегални лаборатории за производство на оваа дрога во Рио, кои истекуват во морето, како и од канализационата мрежа во големиот град- односно од урината и изметот на милионите корисници на кокаин.
Научниците веруват дека ајкулити можеби се „хранат“ со кокаин и од пакетите со дрога истурени, или фрлени во морската вода, или пак загубени при транспортот и пред рациите на полицијата, за која шверцерите разбираат од подмитливата полиција.
Ваквата варијанта, меѓутоа се зема со резерва, затоа што истурањето дрога- кокаин- во морската вод е повеќе забележано покрај бреговите на Мексико и на Флорида, отколку покрај бразилското крајбрежје.
Проценка е дека кокаинот, во секој случај, е штетен за ајкулите. Но, морските биолози се загрижени поради тоа што се уште не се знае -како дрогата влијае врз однесувањето на овие морски животни.
Пред се- дали тие стануваат уште повеќе агресивни и непредвидливо во однесувањето.