Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Харис ги загрижи републиканците

Харис ги загрижи републиканците

Во својот познат арогантен и фалбаџиски манир на остарен мачо-мен, Доналд Трамп не чекаше многу за да ја омаловажи Камала Харис, како негов директен конкурент во трката за Белата куќа.

Набргу по соопштението на американскиот преседател Џо Бајден дека се откажува од борбата за втор мандат, како  шеф на државата и по објавата дека тој ја подржва  потпретседателката Камала Харис, за кандидат на демократите за изборите, Трамп изјавил дека- сега му е многу полесно.

Односно дека со Бајден како конкурент,  претседателската трка би му била потешка, отколку сега со  Харис.

Поддршка за одлуката на Бајден

Ваквата изјава е дадена откако стана јасно дека оваа поранешна јавна обвинителка на Калифорнија, која Бајден ја внесе во политиката, ја има добиено поддршката од сите одбори на Демократката партија во сите сојузни држави на САД.

Но, само триесетина часови пред неделната изјава на Бајден за повлекувае од изборите, весникот „Њујорк Тајмс“ кој се покажа дека е медиумски  предводник во притискот на демократите за  да се тргне  претседателот, како  кандидат на партијата, откри детали од еден брифинг со инсајдер во штабот на републиканците.

Според овој извор, републиканците не само што очекувале -секој момент Бајден да се откаже од трката- туку  знаеле   и дека како негов заменик во изборната кампања, ќе се најде Камала Харис. Не сокривајќи,притоа,  дека стравуваат од ваквата промена.

Републиканците менуваат стратегија

Може Трамп и неговото друштво да се храбри дека сега е се полесно, но факт е дека (така досега и се однесуваа) многу повеќе го посакуваа Бајден за противник.

Прво, поради бројките со годините и менталната состојба , како и затоа што Бајден веќе беше дискредитиран од неговите демократи.

Со тоа можеше да се  покриваат сите скандали на Трамп , посебно сега по нападот врз него, од кога се прикажув како – жртва, наместо со еден правен експерт, кој бил државен обвинител на една од најважните сојузни држави.

Неединството кај демократите , околу кандидатот за иден претседател на Америка, толку ги имаше осилено  републикнците што тие веруваа дека изборите се веќе решени.

Трамп ја омаловажува Камала

Трамп во меѓувреме, почна да се фали дека ќе  ги апси  оние кои му се замериле , односно дека ќе ги амнестира сите насилници кои беа дел од пучот против изборните резултати, со упад во зградата на Конгресот.

Во штабот на републиканците признале за весникот дека  смената  кај демократите, со нов човек- помлад, поенергичен и различен во однесувањето од Бајден-ќе предизвика и главоболка во републиканскиот штаб и потребата од итно менување на целата досегашна стратегија.

А, таа била да се деградира претседателот како неспеособен да ја води Америка. Или, работите да се прикажат така дека -„силно виталениот“  78 годишник,  треба да се судри со еден „старец“.

Предноста на новата кандидатка

Таа стратегија, сега,  ја нема и Бајден на некој начин им врати на трамповци, предлагајќи и на  Националната конвенција на демократите- една енергична 60 годишна жена. Таа да се судри со еден вербален насилник, кој има и  посебен однос кон жените, што инаку веќе го има неколкупати покажано.

Затоа се верува дека Харис, сепак, од август ќе се најде на мегдан со Трамп. Прво, затоа што е жена, доаѓа од редовте на малцинските етички групи (татко и е доселеник од Јамајка, а мајка и од Индија), што ја прави Афроамериканка.

Што ќе рече дека Камала може да ги повлече на своја страна и жените и гласачите од малцинските групи и сите Афроамериканци, а тоа овој пат, на овие избори, против еден Трамп и неговото конзервативно и расистичко друштво, може да има пресудно значење.

Жена и екс државен обвинител

Проценка на политичките експерти е дека затоа, една ваква кандидатка, тешко би можеле демокртатите да ја одбијат, а притоа да не си пукаат (одново) во сопственото колено, како со дискредитирањето на нивниот претседател, со јавните повици по медиумите, да се повлече.

Освен тоа, Харис како жена би била многу поефикасна околу прашањата врзани за правата на жените во врска со абортусот, што е „најслабата точка“ на Трамп.

Но, и за тоа дека како поранешен државен обвинител , таа сигурно ќе ја користи секоја прилика за да им каже на гласачите кој е кандидатот наспроти неа- еден осуденик за криминално дело- за корупција и сексуален предатор.

Затоа, трамповци сметаат дека со Бајден  се ќе беше  поинаку.

Сега се соочуваат со ново лице кое изгледа дека  гласачите го посакуваат- наместо досегашната двојка на длабоко возрасни кандидати кои изминатите  3,5 годни се расправаат.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе