Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Градоначалничката се капе во Сена

Градоначалничката се капе во Сена

Градоначалничката  на Париз Ан Идалго се капеше во водите на Сена, настојувајќи да ја убеди домашната недоверлива јавност, но и спористите, дека реката која тече низ фрнцускиот главен град е чиста за натпреварувањата во рамките на Олимписките игри, што на 26 јули почнуваат во Париз.

„Водата е прекрасна и мошне, мошне добра. Можеби малку е студена , но сепак, не е страшно“- има изјавено Идалго , откако извесно време пливаше во Сена, во близината на зградата на градскиот совет, каде е нејзината канцеларија, сместена недалеку од катедралната црква Нотр Дам.

Заедно со градоначалничката , во Сена се капеа и претседателот на организациониот комитет на Олимпијадата, како највисокиот претставник на владата за регионот на Париз.

Секојдневните тестови на квалитетот на водата на реката покажуваат дека таа е добра и погодна за капење, што претставува  подобрување на состојбата во однос на она забележан во почетокот на јуни, кога се уште имаше резерв з квалитетот.

На Сена ќе се одржи свеченото отворање на игрите, а таму е предвидено да се одржат и некои од олимписките натпреварувања.

Во 2015 година , организацијата на Олимпијадата вложи 1,5 милијарди евра , за да се подготви водата од реката за потребите на игрите, но и за тоа жителите на Париз да имаат чиста Сена во годините по Олимпијадата.

Пливањето во Сена е забрането веќе 100 години, уште од 1924 година, во време на тогаш одржаната Олимпијада во Париз, кога реката била максимално загадена.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе