Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Франција : Сепак победа на демократијата

Франција : Сепак победа на демократијата

Во моментите кога изгледаше дека Франција- за прв пат по Втората светска војна- ќе се најде под власта на крајната десница, земјата во која е создадена паролата-слобода, братство, еднаквост- успеа на Европа и на светот да им покаже дека (сепак) успеа да ја одбрани демократијата.

Сето тоа се случи како големо изненадување и како  неочекуван пресврт во изборниот процес, меѓу двата изборни круга.

Неуспех на екстремистите

Арогантната екстремна десница , силно охрабрена по победата на евро-изборите, веќе го прославуваше „историското доаѓање на власт“, порачувајќи дека не сака никого во коалиција и зборуваше дека е спремна да владее со Франција.

Сеирџиите од надвор, пак,  (главно британските проториевскики медиуми) исполнети со злурадост кон се што е врзано за континентот од кој тие побегнаа, веќе се занимаваа со тоа колку тешко ќе биде погодена ЕУ од францускиот политички земјотрес и со судбината на еврото.

А, руските  вазали, предводени од Виктор Орбан и русофилите низ Европа и на Западен Балкан, исполнети со омраза кон Западот и се што од таму доаѓа, веќе правеа сметка за тоа како ќе се преуредува Европа, во која десничарите и национализмот ќе ја преуредуваат ЕУ.

„Руски рулет“ на Макрон

Но, француските гласачи, за разлика на оние на западнобалканскиот простор,  ја сфатија заканата за Франција и за нејзината демократија, па во вториот изборен круг не дозволија една Марин ле Пен и нејзината крајна десница да им ја одредуваат иднината.

Наместо победник, како што се веруваше во десничарските кругови, нејзината екстремистичка партија, падна на третото место, зад новиот левичарски Народен фронт, додека како втор и силни засилен по првиот круг, се најде центристичкиот блок на Емануел Макрон.

Во секој случај, не може да се рече дека претседателот кој се определи за политичкиот „руски рулет“ за да ја провереи определеноста на Французите на вонредни парламентарни избори, успеа до крај со планот.

Ниту дека успеа да победи- наместо тоа тој сега нема мнозинство Парламентот на Франција,предизвикувајќи на тој начин една сосема нова ситуација.

Време за коалицирање

Засега, сите во анти десничарскиот блок се задоволни од блокирањето на победата на ултрашите. Но, во услови кога никој во таборот на победниците нема доволно високо мнозинство, политичарите ќе мора да се спогодуваат и да прават коалиција.

Тоа е нешто што Франција малку го познава, за разлика од една Германија, Италија, Холандија или Белгија, на пример, каде коалицирањето е како модел за управување со сите овие земји.

Сепак, сите се свесни дека тоа овојпат ќе мора да се направи, иако зад новиот левичарски блок ќе треба да застанат центристите на Макрон и она што остана од Републиканците, откако еден дел од нив се прикллучија на екстемната десница.

Меѓу нив, сепак, има многу разлики кои ги истакнуваа во текот на бурната изборна кампања.

Шок на Марин ле Пен

Во такви услови, најлошо би било кога Франција би се нашла во една продолжена политичка криза, што би довело до застој на државата, кој ултра-десничарите на Ле Пен од Националното собирање би го искористиле за себе.

Таа веќе сега се фали дека доаѓањето на власт на нејзините националистички десничари е само „привремено одложено“ – веројатно сметајќи на тоа дека не ќе може да се создаде стабилна коалиција, па дека затоа, во рок од една година, како што предвидува Уставот, гласачите одново ќе мора да се определуваат.

Според политички експерти пресвртот во гласачкото тело кое на евроизборите гласаше на еден начин, во првиот круг за францускиот Парламент веќе беше повнимателно, додека во вториот ги врати работите на своето место, спротивставувајќи и се на крајната десница,  е резултат на неколку работи.

Фронт за заштита на републиката

Прво тоа е употребата на опробаната „формула“ – создавање на еден општ, заеднички , надпартиски фронт против Ле Пен,  за заштита на републиката од ултра-десницата.

Станува збор за тактика која е употребена во 2002 година, кога Жан Мари ле Пен, основач на десничарскиот, националистички фронт и татко на Марин ле Пен, влезе цо вториот круг на претседателските избори пред 22 години.

Тогаш се создаде еден анти-Ле Пен фронт за да се спречи тој да биде избран за претседател, па и десните и левите сили во Франција гласаа против него.

Тактиката и овој пат даде резултат, но во сосема поинакви услови. Затоа сега е проценка дека политичката сила – која од претседателот овој пат е кај Парламентот- треба да најде брзо начин за премостување на постоечките разлики во победничкиот табор.

Разочарување во Москва

Една варијатна е тоа да се направи онака како што се спогодија партиите од европската коалиција- десница, центар и левица- за да се определат носителите на главните функции во ЕУ. Другата е (сепак) да се задржи континуитетот на француската внатрешна и надворешна политика, околу премиерот Габриел Атал.

Особено што кај победничкиот блок нема разлика меѓу нив околу приврзаноста на ЕУ, за подршката за Украина, осудата на Русија, па дури ни околу проширувањето на Унијата.

Во ова меѓувреме, екстремната десница настојува да го девалвира пресвртот што се случи во само седум денови. Ле Пен не може да го сокрие својот шок и го остава младиот (несуден) премиер Жордан Бардела да се пресметува на политичката сцена.

Шок и неверување од неиспехот на лепеновци има и во Москва , каде Владимир Путин покрај вазалот  Орбан,беше сигурен дека и една голема и моќна Франција ќе му служи. Што ќе рече- ќе прифати  капитулација на Украина и признавање на илегалната анексија на 20 отсто од територијата на нападната земја, за сметка на некаков лажен мир.

Французите не прифаќаат свршен чин

Всушност,  прифакање на политиката на свршен чин , што Французите ја немаат прифатено ниту кога беа окупирани од хитлерова Германија. Тоа е политика која ја продаваат Орбан и Словакот Фицо во рамките на ЕУ, а која од страна ја подржуваат една Кина и Доналд Трамп.

За новиот руски „цар“ во секој случај Марин ле Пен беше и останува значањен сојузник  кој за тоа не сака да се декларира.

Таа со Путин е подолго време во дружба, откако од Русија измоли пари за својата партија, а потоа кога ја прифати анексијата на Крим, пред десет години- купена со претходно позајмените пари од Кремљ.

Орбан, пак откако претрпе неуспех неговата мрачна десничарска варијанта за освојување  на ЕУ, (јавно) не се изјаснува за неговата другарка Ле Пен. Намесо тоа се однесува како европски лидер, без мандат од ЕУ, и оди во „мировни мисии“ во Киев, во Москва и Пекинг, во функција на путиновиот „мировен план“.

(С.Г.)

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе