Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Медведев ќе ги гори заробените натовци

Медведев ќе ги гори заробените натовци

Поранешниот руски претседател (еден мандат) и низа години премиер, Дмитри Медведев им се закани на НАТО и на војниците на Алијансата дека ќе бидат брутално ликвидирани, доколку влезат на територијата на- од Русија нападнатата Украина-  а дека  за секој од нив што ќе биде убиен, кренат во воздух, или потпален и изгорен- мора да следи максимална награда.

Нарекувајќи го натовци како „странски вошки“ кои не се принудени да војуваат (за разлика од „несреќните Украинци“), Медведев смета дека „мора да постои правило“.

Тоа е- да нема заробување, туку веднаш ликвидација- вели овој екс политичар,  кој по сменувањето од премиерската позиција, поради злоупотреба на функцијата, бепе ставен за заменик претседател на рускиот совет за безбедност.

Недолична тирада на екс претседател

Ваквата недолична и груба тирада на некој кој бил во самиот државен врв на Русија е негова критика на едно хипотетично сценарио што тој самиот си го гради на социјалните мрежи,  за тоа дека НАТО ќе распоредел свои сили во Западна Украина – за обука на украинските војници.

Во тој стил, Медведев зборува дека доколку Алијансата на вистина го направи тоа,  тие ќе биле третирани како „непријателска војска“ која војува против Москва.

Притоа, овој заменик на претседателот во советот за безбедност, порачува дека натовци ( и како инструктори)- нема да се третитаат како обични непријатели, туку че имаат статус како припадниците на некогашните елитни, нацистички, хитлеровски СС одреди.

Кремљ е се уште во Втора светска војна

Москва , а сега и Медведев често влегуваат во сопствената  шема дека Русија не извршила инвазија врз соседна и незвисна Украина, туку дека ја бранат руската земја , онака како што во Втората светска војна тогашниот СССР се бранеше од инвазијата на нацистичка Германија.

Притоа, верувајќи дека окупираните 20 отсто од територијата на Украина, всушност, се ослодени делови од Русија и од т.н. „руски свет“.

Во ваквото настојување да се оправда  инвазијата и агресијата врз земја ќленка на ОН, на која Москва и ја има гарантирано територијалната целовитост, влегува измислицата на Кремљ и на групата „силники“ собрани околу Владимир Путин дека Русија е во „војна со нацизмот“.

Односно дека Киев е заробеник на нацистичката власт што ја контролира Украина , не осврнувајќи се на тоа дека претседателот на земјата е има еврејско потекло и жртви од кацизмот и холокаустот.

Подалеку од зборовите на Путин

Путин , инаку, има зборувано дека евентуален судир со НАТО би довело до светска војна, иако не се знае кој тоа ќе застане на негова страна, бранејќи инвзаија врз странска земја.Но настапот на Медведев е ,сепак, чекор подалеку од она што го има речено за ова, неговиот шеф.

За Медведев е познато дека од почетокот на инвазијата, која ја брани со сите свои сили,  знае често да биде и груб и непристоен и кон оние кои воопшто не го споменуваат и не го третираат.

На пример, Џо Бајден го има наречено „бескорисен старец“ иако меѓу него и Путин има само осум години разлика, а Урсула фон дер Лајен ја има озаначено како „машина за раѓање деца“, затоа што е мајка на седум деца.

Важно  е да си до „царот“

Сепак, предлогот да се „палат и да се горат натовци, наместо да се заробуваат“ е чекор подалеку во неговата реторика на која може да и позавиди и еден Хитлер.

Затоа, ваквите сценарија на Медведев кој едно време важеше за угладен и смирен човек и политичар, уште и без кгбеовско педигре, предизвикаа прв пат интерес кај дел од европските медиуми.

Се настојува да се утврди- зашто го прави сето ова кога знае дека тоа веќе не проаѓа ни во руската јавност и кога (веројатно) и нему му е јасно дека нема да се врати во дневната  политика.

Проценка е дека – доколку не е во прашање алкохолот со кој често се дружи-  станува збор за стравот дека ќе ја загуби наклонетоста на Путин. Тоа е многу важно сега кога новиот руски „цар“ го чисти кругот на луѓето околу себе.

Како лик од  серијата „Сопранови“

Тој го чува Медведев покрај себе како благодарност за услугата, да глуми претседател на државата (2008-2012), а целата власт да ја има (тогаш) премиерот Путин, функција која во руската политика има само техничко значење.

Сето тоа замислено и изведено само за да се изигра уставната одредба – за два едно по друго  претседателски мандати.

Проценка е, затоа, дека Дмитри Медведев само настојува уште повеќе да му се додвори на Владимир Путин и да се обезбеди да не биде целосно тргнат и изолиран.

Некои аналитичари го споредуваат со ликовите од серијата „Сопранови“  од кои газдата  Тони Сопрано бара да ги извршуваат за него валканите работи.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе