Операција или блеф
Европската спортска јавност изразува неверување во тврдењето за „сериозната операција на коленото“ на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38), откако тој се појави на тенискиот турнир во Вимблдон и извојува лесна победа во првото коло.
Најчесто се поставува прашањето- дали сето тоа околку тешката повреда и интервенцијата на хирурзите – не беше само обичен блеф.
Притоа се покажуваат снимки од неговиот меч на т.н. „света трева“ ( како што се означуваат тревнатите терени на Вимблдон) на кои се гледа како Ѓоковиќ со леснотија изведува шпага, ловејќи една топка на противникот.
Сомнежи за повредата
Швајцарскиот угледен весник „Ное Цирих Цајтунг„ пишува за „волшебното излекување на српскиот тенисер “ не сокривајќи го притоа сомнежот за тоа – дали навистина имало операија, или станува збор само за блефирање на тенисерот и неговиот тим.
На турнирот во Париз, пред три недели, тој се повреди, после два едно по друго меча од по пет сета и веднаш по тоа беше најавено дека оди на операција. А, потоа и дека (најверојатно) нема да учествува на Вимблдон.
Тениски експерти, како и лекари-ортопеди потсетуваат дека секоја повреда на коленото е деликатна и ризична за кариерата на секој тенисер. Се потсетува на случајот со Роже Федерер кој после една таква повреда се оперираше, но тоа беше почеток на крајот на неговата исклучителна кариера.
Конечно, за тоа имаат зборувано и српските лекари , според кои повредета на Ѓоковиќ во Париз е последица на годините кои овој тенисер ги има, па дека можеби е време да почне да размислува за повлекување.
„Немало хирушка интервенција“
Швајцарскиот весник забележува дека српскиот тенисер има силна мускулатура и тоа може да помага, но се споменува дека и на Вимблдон веќе се изразува сомнеж дека воопшто имало хирушка интервенција.
Таквиот сомнеж ги има подгреано претседателот на Олимпискиот комитет на Србија кој има изјавено дека – Ѓоковиќ не бил на операција на коленото, повикувајќи се притоа на близок член од семејството на тенисерот.