Поврзете се со нас

Skopje Global

person in green shirt wearing white mask

Вести

„Нема епидемија на рак во Србија„

„Нема епидемија на рак во Србија„

Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ има изјавено за белградските медиуми дека не се точни тврдењата за тоа дека Србија е зафатена со своевидна „епидемија на малигни болести“ и дека тоа било посебно забележливо во годините после бомбардирањето на НАТО, врз  делови од територијата на земјата, извршено во 1999 година.

„Нечесно и сосема е некоректно да се лажат лугето . со изнесување лажни бројки , кога станува збор за заболените од рак“, уште и да се врзуваат ваквите тврдење за политички потреби- уверува овок експерт. Според него, бројот на занолените со оваа болест е само минимално поголем, во споредба со годините пред тоа.

Експертот контра политиката

„Нема никакви радикално големи скокови на бријката на заболени, па според тоа не може и да с зборува за „епидемија“- само за да и се понуди на домашната јавност постоењето на- како што вели Радовановиќ- непостоечката причина за „епидемијата- а тоа е осиромашениот ураниум.

Изјавата на овој експерт е реакција на излагањето на доскорешна министерка за здравство, од владеачката СНС партија, изнесено на посебно организирана конференција , посветено на покренатата (од власта) иницијатива за „утврдување на последците од бомбардирањето, од пред 26 години.

Оваа екс министерка, при тоа, има речено дека „Србија е на првото место во Европа, бројот на починатите од рак, што е последица на бомбардирањето на силите на НАТО и дека таа бројка на заболени продолжува да расте“.

Невистинито и нечесно

Уште тогаш, набргу по запирањет на бомбардирањето (со договорот од Куманово, во јуни 1999 година) српската пропаганда почна да ја шири во домашната и во регионалната јавност, вклучувајќи ја и македонската, дека „натовци во нападите користеле бомби со осиромашен ураниум“ што од Алијанската веднаш беше демантирано.

Но, уверувањето за тоа остана, па и сега се користи, за да се тврди дека таквите бомби предизвикуваат канцерогени заболувања.

Во своето интервју, епидемиологот Радовановиќ има речено дека – не му се јасни причините за ваквото тврдење на поранешната министерка, но инсистира дека тие – очигледно се крајно нечесни.

„Виновникот не е бомбардирањето“

Овој српски експерт смета дека обновувањето на приказната за „канцерот во Србија“, за бомбардирањето од пред четврт век, како и за осиромашениот ураниум, треба само да ја покријат аферата со компанијата „Рио Тинто“ и екслоатацијата на литиумот, како и политичките теми кои доминираат во јавноста, како резолуцијата за Сребреница и правењето договор со Косово.

Затоа експертот смета дека „епидемијата со рак“ е целосно измислена , уште повеќе што осиромашениот ураниум е непостоечки виновник.

Растот на починатите од рак – сметајќи од 2001 до 2022 година- изнесува 15 отсто, од што може да се заклучи дека „нема епидемија на заболени“. Особено не како последица на бомбардирањето , а посебно затоа што  осиромашениот ураниум е  „еден од најчестите елементи на земјината кора“.

„Кога станува збор за бројот на починати од оваа болест, Србија е при врвот во Европа, но само затоа што луѓето  доцна се јавуваат на лекар, како и затоа што пациентите лошо се лекуваат“- рекол белградскиот експерт.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе