Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Маѓар новиот човек во Унгарија

Маѓар новиот човек во Унгарија

Неколку месеци пред изборите за Европскиот Парламент, а посебно во последните две недели пред гласањето, Виктор Орбан навестуваше „крај на либерална Евриоа/ЕУ“ и отпочнување на нова, десничарска ера во која националистичкиот карактер на земјите од Унијата, како неговата Унгарија  ќе се стави пред општоевропскиот. Означувајќи го тоа како- „ослободување  на Европа“.

Арогантен, како и сите деспоти кои долго владеат,  унгарскиот премиер,  со европски пари, покрена и водеше кампања против ЕУ. Посебно, против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ја дури и за тоа дека наводно „сака да ја втурне Унијата во војна со Русија и Путин“.

Победа на десниот центар

Во ваквото негово  однесување кон Унијата, со чија огромна помош комунистичка Унгарија , изминатите 20 години, се трансформира во развиена средноевропска држава, помагаа и разни политички експерти.

Тие (намерно, или ненамерно)- често  пренесувајќи едни од други антиевропски ставови ,  создадоа атмосфера на страв дека ултрадесницата , со видливо, или прикриено неонацистичко педигре, ќе ја преземат демократска и либерална Европа.

Меѓутоа, ваквите анализи и тврдења се покажаа како  претерани и неточни. И покрај силната ултрашка кампања, исполнета со многу  дезинформации и лажни вести, десниот центар кој го предводеше Фон дер Лајен, сепак,  освои најмногу гласови. Дури и го зголеми бројот на пратениците на блокот народни партии (ЕПП) во споредба со изборите во 2019 година.

Потреси во феудот на Фидес

Ултрадесницата го подобри својот рејтинг, но тоа  ниту одалеку  не е она што го посакувашр и за што агитираше Орбан. Само во Франција и Австрија, колку што засега се знае, ултрашите освоија повеќе гласови од центристите.

Потреси имаше и во орбанова Унгарија, по кои деспотот од Будимпешта (неочекувано)  доби шлаканица од сопствените гласачи, по што остана збунет и (велат) за прв пат загрижен дека некој, најпосле ќе го тргне од власт.

Неговата десничарска, националистичка Фидес партија и сега освои најмногу гласови, но нејзинот резултат се означува како најлош досега. Дури 32 отсто од гласовите ги собра еден новак во унгарската политика- Петер Маѓар чија неодамна создадена партија Тиша (Tisza) уверливо беше втора на изборите за Европскиот Парламент.

Удар од доскорешниот сојузник

Маѓар е човек на Орбан, поранешен функционер во орбановата партија и поранешен сопруг на неговата омилена и крајно лојална министерка за правда, кој се сврте против своите, заговарајќи промена на домашната политичка сцена.

Од партијата демонстративно има заминато, иако првично се има огласено како „партиски свиркач“ кој почна да ги открива валканиците на Орбан и на од него создадената олигархија , заедно со корумпираната државна администрација.

Обвинувањата за корупција во врвот на власта и за злоупотреба на социјалните фондови предизвикаа оставки, а тоа се случи и откако Маѓар откри скандали во владата , вклучувајќи и сексуален напад.

Случувањата околу Орбан, во секој случај,  го замолчеа овој европски деспот кој  уште сонува и за некаква „голема Унгарија“ , што го користи за обвинување против „големите“ во Европа со кои сега ги дели европските вредности, а тие го плаќаат неговото самоволие. Затоа што така налага уставот и редот во Унијата.

Што со орбановото „царство“

Но, неочекуваниот успех на Петер Маѓар  покрена и коментари низ европските медиуми. Најмногу за тоа дали ова е почеток на крајот на Орбан и за тоа што би можело  се случува во унгарското опкружување, каде Унгарецот се однесува  како да е негов газда.

Пред се. во Западен Балкан, каде орбанова Унгарија и ги мати работите на ЕУ. Почнувајќи  од БиХ, подржувајќи го сепаратизмот на Милорад Додик, а делувајќи за  интересите на путинова Русија, па се до Северна Македонија, каде ја има контролата врз националистичките медиуми на домашните вмровци кои се антиевропски определени.

Најмногу потреси , сепак, се предвидува дека  би имало во Србија која си изгради стратешко партнерство со Орбан- уредено врз вазалниот однос на двете земји кон Владимир Путин.

(Б.У.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе