Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Промоција на „Српскиот свет“

Промоција на „Српскиот свет“

Во Белград се одржа масовен „општо српски собор“ на кој претседателот Александар Вучиќ повика на мир и хармонија на Балканот, но таквата порака во регионот, наместо со одобрување беше примена со скепса, со неверување и  загриженост .

Затоа што – претседателот на Србија и сепаратистичкиот лидер од српската енклава   во БиХ Милорад Додик- собирот од каде се порачуваше дека тој не е насочен против никого – го претворија во националистичка манифестација на која се величаше српството.

„Еден народ, еден собор“

Повикувајќи притоа на единството на сите Срби – каде и да се наоѓаат во регионот- што според домашните и странските аналитичари е – опасна порака. Таа  потсетува на времето на режимот на Слободан Милошевиќ и на создавањето на некаква „голема Србија“- според политичката филозофија на самопрогласениот „вожд“ од деведесетите години– до каде има Срби, до таму е Србија.

На собирот што се одржа под мотото- Еден народ , еден собор- освен граѓани од Србија и од српската енклава во БиХ, белградските медиуми објавија дека имало и дојденци од Црна Гора, како и од Северна Македонија.

Инсистирајќи дека станува збор за подржувачи и гласачи на партиите на Вучиќ и на Додик кои со години ја имаат власта во своите раце, како и оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ во Црна Гора. Српската опозиција ја бојкотираше манифестацијата.

Контра на резолуцијата за Сребреница

Собирот во центарот на Белград се организираше само некоја недела по  специјалната седница на ОН на која со мнозинство гласови, беше усвоена посебна резолуција за Сребреница, со која 11 јули се прогласува за ден на сеќавање на геноцидот извршен во овох град во источна Босна, кога над осум илјади мажи и момчиња беа ликвидирани – само затоа што беа муслимани.

Злосторството го извршија војската на Република Српска и некои српски паравоени сили, дојдени на таа територија од Србија.

Но, властите во Белград, како и на српската енклава , силно подржувани од Русија и после 25 години извршениот  геноцид, се спротивставуваа на резолуцијата на ОН, сосема погрешно прикажувајќи ја како – антисрпска.

Наводно,со неа  целиот српски народ се прогласувал за геноциден- иако тоа никој и никаде,  не го тврди, а не се содржи ниту во текстот на резолуцијата.

Србите во една политичка целина

Од собирот беше издадена и посебна декларација – која се труди да биде помирлива- но во неа се тврди дека „српскиот народ е една целина  кој низ иасторијата имал повеќе држави , со различни имиња, па затоа сега има право да ја негува таа своја традиција“- што е некакво покритие за промовирање на т.н. “српски свет“.

Неговата промоција на белградскиот општосрпски собор, меѓутоа, за политичките експерти и за меѓународните аналитичари-  е мошне опасна политика.

При тоа, се потсетува дека сегашното туркање на таа политичка филозофија на српските националисти- дека сите Срби од Западен Балкан  треба да бидат дел од една политичка целина- и како што е  „српскиот свет“ да живеат во една, заедничка држава, беше причина за крвавото распаѓање на екс Југославија.

Последиците од  тоа време се уште се видливо во денешните лоши односи меѓу екс братски републики,  од злосторствата сторени во војувањето, меѓу кои една од најголемите е геноцидот во Сребреница.

Русија ја дестабилизира БиХ

Од друга страна, паѓа во очи дека Додик на општосрпскиот собор допатува од Москва, каде одново се среќаваше со Владимир Путин. Секако притоа пренесувајќи пораки и за српскиот претседаел, што на манифестацијата и дава нова димензија.

Особено кога се знае дека путинова Русија силно е ангажирана во дестабилизирањето на целиот Западен Балкан- давајќи му подршка на Додик за неговите закани за „раздружување на српската енклава од државата БиХ и за нејзиното обединување со Србија“.

Односно за истото она што Путин го прави со Украина , распарчувајќи ја нејзината територија, прогласувајќи ја за дел од некаков „руски свет“ и анектирајќи ги освоените земји- што за него се “историска руска територија“.

Затоа, со сомнеж се гледа на пораките за „мир и хармонија“ кога Вучиќ, за кого на Западот се тврди дека станува се поавторитарен властодржаец, зборува дека Белград „ никогаш нема на цедило да ги остави Србите “, иако порачува дека  сите проблеми на БиХ треба да се решаваат , заедно со другите во БиХ, во рамките на договорот од Дејтон.

Република Српска наместо Косово ?

Останува  нејасно што навистина  се крие зад една ваква приредба која во српската јавност беше означена како државнички настан, каков досега мемало.

Посебно кога до соборот порака ќе испрати Сергеј Лавров во која – како што се тврди- премолчено му дава подршка на сепаратизмот на Додик и ма неговите од енклавата. Америка, пак,  уште од порано,  има порачано дека со сите средства ќе ја брани целовитоста на БиХ и нема да се дозволи никаков и ничиј сепаратизам.

Про-опозициските и проевропски медиуми во Белград, затоа, сметаат дека власта – „ токму сега се има зафатено со Република Српска , кога никој не је загрозува и не ја укинува- само за да се остави пат за, како што се вели,  де-факто српско признавање на Косово. Со прифаќање на нормализацијата на односите, затоа што со тоа од порано, Вучиќ се има согласено- во Брисел, а потоа и во Охрид.

Ова тврдење има своја логика , особено што паѓа во очи дека  на соборот во Белград имало Срби од секаде во регионот, но не и од Косово.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе