Најавена преселба на Мона Лиза
Министерството за култура на Франција најави „подобрување на условите“ за чување и изложување на прославената слика Мона Лиза на италијанскиот ренесеансен сликар Леонардо Да Винчи, сместена во парискиот музеј Лувр.
Се планира сликата- заштитена зад дебело и непробојно стакло- да се пресели од местото каде сега е изложена, по посебна просторија-сала , која би била определена само за ова уметничко ремек дело.
Мона Лиза сега се наоѓа во „Салата на државноста“ која е најголема во Лувр и каде покрај портретот на Да Винчи, се наоѓаат уште неколку славни уметнички дела, на италијанските мајстори од 16 век, како што е „Свадбата во Кана“ на Паоло Веронезе.
Според директорката на Лувр- „една од најголемите уметнички слики во светот и можеби најпознатата во историјата на сликарството“- сепак, заслужува посебен третман и посебна просторија.
„Сега не сме задоволни од тоа како е изложена Мона Лиза„- има изјавено директорката Лоренс де Карс.
Дури 80 отсто од посетителите на Лувр, доаѓаат во музејот, пред се, за да ја видат сликата на Леонардо.Во минатата година имало над девет милиони посетители, околу дваесет илјади, секој ден и сите тие доаѓаат за да ја видат одблизу загонетната насмевка на Мона Лиза.
Управата на музејот смета дека станува збор за огромен притисок врз целата музејска инфраструктура, а тоа влијае врз безбедноста на сликата.Како времено решение , што ќе важи и за време на Олимписките игри ова лето е -ограничување на бројот на посетителите.